Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Реал на Азар му плаќа по 70.000 евра за секоја одиграна минута!?

3 јуни 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Реал Мадрид по секоја цена сака да се раздели со Еден Азар. Белгиецот откако дојде на „Бернабеу“ скоро и да нема никаков ефект во играта на тимот. Првите луѓе на Реал одамна размислуваат како да се ослободат од него, но белгиецот нема намера да си замине пред истекот на договорот.

32-годишниот Азар не сака да го напушти мадридскиот клуб и е решен да остане во Мадрид и во последната година од договорот. Азар заработува 28 милиони евра годишно без даноци, а неговото заминување би ослободило огромен дел за платите на клубот. Спортед пресметките, секоја минута која Белгиецот оваа сезона ја поминал на теренот го чинела Реал Мадрид 70.000 евра.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ