Го гледам видео клипот со избраните мисли и на премудриот ни претседател на државава Стево Пендаровски и се прашувам: нема друго него облакот од Чернобил да запрел над Македонија и да ја озрачил и зомбирал нацијава на неопределно време. Што друго?!
Народот бил стока, го затварале во бачило, без мозок оделе како роботи, без муда... Политичките противници за него биле психопати, ушмркани или им фалело нешто во главата, едни гниди од човек... И тако даље, и така натаму, е извадок од збирката мудри мисли на потпросечниот полицаец Стево П. со работно место на определено време – претседател на држава. На Македонија, а на кој друга би можел да биде.
Стево Пендаровски е, ако сте заборавиле, порнашен и долгогодишен полицаец. Началник. Муријаш со функција. Повеќе од десет години стаж и багаж во полицијата. Стапува во полицијата под власт на СДСМ во, отприлика, исто време кога и секаде присутниот ментор на Палчо, Зоран Верушевски, станува директор на државната безбедност во МВР. Колеги се.
Во воента 2001 година Стево П. ,задено со уставниот советник Фрче, бидна дел од кабинетот на тогашниот претседател Борис Трајковски. Иако дел од неговиот кабинет, Стево не е во авионот кој на 26-ти февруари 2004 година се урна кај Мостар и во кој загинаа претседателот Трајковски и неговите соработници. Бил во Даблин, Ирска, на службен пат.
Да не остане Стево без работа, СДСМ во 2004-та претседателска изборна година го поставува Стево П. за шеф на Државната изборна комисија. На тие избори, нормално, Стево ја врши работата и Бранко Црвенковски станува претседател. Во вториот круг го победува Сашко Кедев со помош на 135.000 албански гласови кои, претходно, ги доби Гзим Острени и ги ковертира со повик гласачите да го поддржат Бранко. И другиот кандидат Албанец со своите 80.000 гласови го милуваше Стево П во вториот круг. Така и беше.
Бранко ги доби 135.000-те гласови од Гзим Острени (ДУИ) и 80.000 од Зуди Џелили (ДПА) што е конто плус од 215.000 албански гласови, и го победи политичкиот почетник и дотогашен анонимус Сашко Кедев 220.000 гласови разлика.
Големиот Б.Ц. без албанските гласови ќе загубеше од политички анономус. Толку беше јак. Но, Стево врши финална работа за да се спакуваат и преку ДИК признаат околу 25-30.000 спорни купени гласови и полнети кутии со 103% излезност понекаде па, по одбивањето на 120 приговори од ВМРО ДПМНЕ, Црвенковски стана шеф на државата.
Љубовта кон Албанците и зависноста од албанските гласачи Стево Пендаровски тогаш ја запознава од прва рака. Не се памти негова реченица која би имала промакедонски карактер но, за одбрана на албанските права и интереси води мртва трка со Невзат Халили или Хамди Ндрецај командант Пантери, промотерите на Илирида.
Овие денеска, како Али Ахмети или шверцерот Артан Груби, A&A, немаат врска со албанските интереси, мали деца се за Стево Пендаровски и Невзет Халили за албанската кауза. A&A се фирма за собирање државни пари под албанско знаме со свои сметки во странство.
Ахмети и Груби работат под паролата: За нас Лотарија и Соравија, на вас карта за Германија. Македонците голтаат, рачунаат лош им е хороскопот, па мора да се истрпи.
Барем дупло повеќе за албанската кауза во Македонија имаат направено Стево Пендаровски и Зоран Заев од Али Ахмети и Артан Груби. Со таа разлика што Ахмети, Груби и Заев се девизно натоварени како бродови, а Стево е гол пиштол што им одработува пошто е лудачки желен за власт и јавно внимание, а без нив би бил и понатаму полициски канцелариски молец. Муријаш. Им одработува – из љубави. А, ако капне нешто, добро е.
Не му е лесно на Стево П. Жива вода станува и неурозата го дотепува што не може да врзе проста реченица без тикови, мимики, гафови или навреди. А неговата љубов е на пазар стално. Сетете се само како му се нудеше на Бојко Борисов. “Кај си Бојко љубави 😊...“ Ама Бугаров бил заузет, Зоран Друже Заев веќе му се погодил и докажал во дудлањето.
Прибидејќи ретко се наоѓа таков лик “све што треба из љубави“, ДУИ и Црвенковски со СДСМ, го држат и во 2005-та во ДИК за спроведување на “референдумот за нова територијална поделба“, онаа со која Македонија се албанизира и територијално, па Куманово, Скопје, Струга, Кичево... станаа албански градови. Бранко побара, Стево П. му испорача. Из љубави.
Бранко нема да му остане должен на Стево Пендаровски што, како шеф на ДИК, во 2004-та муваше со изборите и му даде на поклон изборна победа.
Во 2005-та, веднаш по изборите, Пендаровски е вработен кај Црвенковски во неговиот претседателски кабинет. Од шеф на изборна комисија, одма се сели кај “победникот“ на изборите. Што е, нели, и етички и морално и политички прифатливо. Во кабинетот на Бранко, повторно зедно се најдоа муријашите Стево Пендаровски и Зоран Верушевски.
Љубовта доживеа кулминација кога СДСМ, “непартиски“, го кандидираше Пендаровски за претседател во 2014-та година, кога тој загуби од Ѓорѓи Иванов со 240.000 гласа разлика! ДУИ со 100.000+ свои и Илијаз Халими со 39.000 негови гласови од првиот круг, го појачаа Пендаровски. Но, “Љубовта без задршка“ со Албанците не му помогна. Бранко па ич.
Човече, го пишувам ова и не ми се верува колку на секој граѓанин во Македонија се му било, и се уште му е, пред очи а не сака да верува дека тоа се дешава сега, и овде. Нема хороскоп, во кој Македонците веруваат повеќе од Библија и Устав, што може да објасни политичко слепило до ниво да им се даде држава во раце на некои како Стево, Заев или Таче. Нема.
Мора да сме сепак колатерална штета на радиоактивниот облак од Чернобил штом овој лик, димензиониран помеѓу хистерија и дезориентираност води држава, и тоа членка на НАТО. Врховен командант на војска без оружје и противуставни амблеми Северна Македонија на албански јазик на униформите. За него, за Стево П., нема проблем со тоа. Албанците му се најмили, особено пред избори, заедно со дилерите.
Е тој Стево, социјалдемократ со полициски стаж и багаж, ни ја потврдува пораката која СДСМ ни ја праќа со децении – дека гласачите се стока, а стоката пасе трева.
Ова Заев го сфати - буквално. Откако дојде на власт без победа на избори, од 2017-та како најголем економски потенцијал премиерот Заев најави и промовира одгледување и извоз на трева – на марихуана. Даде дури 60 лиценци за оранжерии и плантажи на марихуана, склучи сојузи и бизнис дилови со сите дилери во регионов, неговата влада и полиција им даде 200 македонски пасоши и – тревата никна. Народот, според СДСМ и Стево П., ќе има што да пасе.
Заев, како никој политичар во светот, дури ни во Колумбија или Албанија, каде “тревата“ е национално богатство, не кажал дека марихуаната е лек, но Заев кажа. Затоа не се ни изгради клинички во Штип и Скопје, не се ни увезоа вакцини од Ковид на време... За народот имаше лек, “тревата“ е тука да заврши работа. Паси и дувај.
До толку забегаа социјалдемокративе и дуистите со перспективите и промоцијата на марихуаната што почнаа да ја одгледуваат во саксии во партијата, во сите партиски штабови и локални ограноци. Се врзаа за “тревата“ како за леб, а без леб не се може.
И, со време, развија посебен речник, некој колумбиски сленг стекнат од “тревата“ на Заев што само тие го разбираат. Па така, ако се најдеш во штабот на СДСМ ќе чуеш: Човеци, утре стига Курињо од Муратињо, има лапињо со Кумињо Тачињо воф Мулињо дека ќе се расправе проблемињо со тендерињо за косовско ќумурињо воф Битолињо...
Времињо се променињо, од вискињо во времето на дон Бранкињо паднааме на тревињо од Мутрињо. А тоа е опасно, ни Марадона не успеа да се задржи на врвот откако премина на трева. Не онаа што ја пасе народот, според Пендаровски, туку нивната, за дување. А од дување до дудлање е само чекор разлика.
Бог да чува, и сочува, што “тревата“ може да напраи во политиката.
Ај што позеленеле од марихуаната, него што намерачиле сите да почнеме да дуваме “трева“ за да можеме да ги разбереме. А и на нив да им се исплати бизнисот. Ама не ги разбираме, ниту они не разбираат нас.
Освен во случајот со Димче Левињо, него секоја трева му е добра, ако се кешира нешто бонус уз неа, и он колумбискиот сленг на СДСМ и ДУИ ги прифаќа како свој, како вродена мана.
А кај е Стево Пендаровски во колумбискава приказна. Он е спотер, чека пред врата. Таков колерик, со сите тикови, хистерични напади и говорни егзибиции нема потреба да дува, он е во фазата на дудлање и добро си ја врши работата. Таму, кај нив. Овде кај нас, меѓу народот, ни “пушачите“ ни дудлачите не се на цена. Ни Стево Лажињо.
Д.П. Латас
01.03.2024