Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Челзи на крилата на Палмер прослави победа над Њукасл

11 март 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Тимот на Челзи, конечно, ја покажа силата во дуелот со Њукасл во 28 коло на Премиер лигата. „Сините“ одиграа онака како што се бара од нив, доминираа на теренот имаа повеќе шанси и на крајот заслужено победија со 3:2 што е нивна 11-та победа сезонава.

Колин Палмер имаше одлична вечер, прво му асистираше на Николас Џексон за водство на Челзи од 1:0. Во 43 минута Александар Исак со силен шут по земја го совлада Петровиќ и го изедначи резултатот. Во 58 минута Палмер со убав шут со левата нога го совлада голманот на Њукасл.

Михајло Мудрик донесе 3:1 во 76 минута, а во последната минута Џејкоб Марфи ги постави конечните 3:2.

Њукасл го впиша 12-тиот пораз и е на 10 место на табелата, едно место погоре од Њукасл.

Статистиката вели дека Челзи има фантастични резултати против Њукасл. Има само еден пораз од нив во 28 премиерлигашки натпревари на „Стемфорд Бриџ“ (21 победа и седум ремија).


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ