Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Нов удар за Лацио – поразен на „Олимпико“ од Удинезе

11 март 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Екипата на Лацио влезе во кризен период и го губи чекорот со екипите кои се борат за излез во Европа идната сезона. Вечерва на „Олимпико“ во последниот меч од 28 коло на Серија А, четата на Маурицио Сари изгуби од Удинезе со 1:2.
Сите голови паднаа во второто полувреме. Удинезе поведе со голот на Лука во 47 минута, две минути подоцна Лацио изедначи со автоголот на Џанети.
Во 51 минута Зарага повторно го донесе Удинезе во водство па резултатот остана до крај.
Удинезе прв пат по ноември 2020 година го победува Лацио во Рим. А Лацио го впишува четвртиот пораз по ред. Загуби од Фиорентина и од Милан во Серија А, па од Баерн во ЛШ, сега од Удинезе.
Римскиот тим е на деветтото место со 40 бода (12 порази), а Удинезе се искачи на 13-тото со 27 бода (четврта победа сезонава).


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ