Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Видео: Се урна дел од зграда во САД, спасени се осум лица

29 мај 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Противпожарната служба на Девенпорт соопшти дека не се знае дали има други исчезнати лица, а засега нема пријавени жртви, пренесува Гласот на Америка.

„Кога ќе се случи нешто вакво, кога ќе се случи трагедија, нашите екипи за итни случаи веднаш одат на работа и не можам доволно да им се заблагодарам“, рече градоначалникот на Девенпорт, Мајк Матсон.

Спасувачките екипи излегоа на лице место во недела попладне по локално време, откако се урна задниот дел од зградата, каде има станови на горните катови и продавници на приземјето.

Уривањето дошло при работа на фасадата, а сопственикот ги имал сите потребни дозволи, пишуваат американските медиуми. Се уште се стравува за стабилноста на градежната конструкција.

Објектот имал 84 станбени и деловни единици, а лани биле побарани речиси 20 дозволи за поправка, но најмногу се работело за водовод или струја.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ