Ако постои министерство кое е одговорно за состојбата на сите граѓани во државата од раѓање до последниот ден, тоа е – министерството за здравство. Затоа, болното здравство создава болна држава но, уште повеќе – кога државниот систем е “болен“ и неспособен прво и најмногу страда – здравството и создава последици за сите.
Во март 2016 година, во поледната година на тогашната влада на ВМРО ДПМНЕ објави дека само во опрема во јавното здравство се вложени над 100 милиони евра за 9 години власт. Такво нешто нема во отчетноста на власта во замнување.
Во овој износ не спаѓаат капиталните инвестиции во објекти и обука на лекарите и медицинскиот персонал во странство, за што е вложено уште 120 милиони евра од државниот буџет. Буџетите во време на владите на ВМРО ДПМНЕ беа 2,5-3 милијарди евра. Со владите на СДСМ/ДУИ буџетот е близу пет милијарди евра. Каде се парите?!
Минатата власт започна изградба на Клиничката болница во Штип, а за клиничкиот центар во Скопје беше завршен проектот и тендерот под контрола и коинвестиција на Банката на Советот на Европа.
СДСМ, потоа, ја запре изградбата на Клиничката болница во Штип, го поништи тенедерот за Клинички центар во Скопје кој вредеше 70 милиони евра и најави свој проект од фантастични пренапумпани 500 милиони евра кој не се реализираше, како и ниту една битна капитална инвестиција во здравството од владите на СДСМ и ДУИ.
Не е потребна никаква фактографија на крајно очигледните факти за состојбата во здравството последниве години бидејќи секоја фамилија тоа го чувствува на свој грб, секој го гледа и плаќа даноци за што не добива – ништо, освен трауми, хаос и страв. Јавното здравство е полно со нестручен кадар кој и нема услови за усовршување, директори кои не зборуваат македонски јазик и корупција од чувар до министер.
Само кај нас се појавуваат случаи на кражба на лекови, и тоа за најтешко заболените од карциноми, на кои наместо лек платен од буџетот им се дава медицинска вода што е чекор до убиство со умисла од користољубие, за што никој не одговара.
Министерот за здравство Илир Демири објави дека на Клиниката за кардиохирургија работеле доктори од странство кои немале задолжителна лиценца од Лекарската комора на Македонија. Од Лекарската комора потврдија дека нивните имиња не фигурираат на списокот на доктори за кои ЈЗУ Клиника за кардиохирургија побарала привремени лиценци. И сето ова пред очите на меѓународно признати кардиохирурзи од Македонија предводени од кардиохирургот Жан Митрев и другите.
Смртноста во 2023 година на оваа клиника е загрижувачки зголемена според извештајот на Министерството, две недели хирушките сали не функционираат поради хаварија со кислородните пумпи. Нема одговорност, особено нема законска.
<b>Дали проблемот е во луѓето, или во системот?</b>
Дека проблемот е до државата и властите, а не до луѓето во Македонија, доказ е постојаното подигање на стручноста, условите и резултатите во приватниот сектор. Тоа што се уште има решенија за болните, има место каде можат да побараат и добијат соодветна стручна помош се приватните клиники, пред се во Скопје, на кои работат истите луѓе што претходно работеле во хаосот на јавното здравство но, во поинакви услови и околности истите лекари даваат немерливо подобри резултати.
Од банални здравстевени проблеми и потреби, па се до најсложените хирушки зафати, приватните клиники Жан Митрев, Систина, Промедика... се во состојба да испорачаат лекување кое е во врвот на регионалните резултати. Значи, се може, се знае и се има решение но, за тоа решение се плаќа дополнително. Зошто граѓанинот да плаќа дополнително ако веќе плаќа во буџетот, а власта парите ги проневерува. Ги краде.
Арбен Таравари, доктор и поранешен министер за здравство во април 2022 за <a href="https://prizma.mk/zdravstvoto-eldorado-za-novi-investitori/">Бирн</a> изјави дека кога станува збор за здравството, Македонија е „земја на парадокси“.
„Според моето искуство, имаме најлуксузно и најквалитетно приватно здравство во целиот регион, а од друга, најлошо јавно здравство“, вели докторот Таравари.
Накусо, парите од буџетот наменети за здравство се крадат низ наместени тендери, пропаѓаат капитални проекти како Клиничката болница Штип, Клиничкиот центар Скопје, нема опрема, нема усовршување на лекарите, се вработуваат партиски војници кои внесуваат корупција и тензии меѓу вработените и – системот паѓа, а пациентот умира.
<b>Државата се разболува, и од корупцијата и од здравствено уништените млади генерации. </b>
<a href="https://www.worldbank.org/mk/news/press-release/2020/09/16/north-macedonia-needs-to-continue-investing-in-education-and-health-in-order-to-improve-its-human-capital">Извештајот на Светската банка за 2020-та</a> година вели дека според Индексот на човечки капитал, <b>дете родено денес во Македонија ќе достигне само 56 проценти од својот потенцијален човечки капитал кога ќе порасне, во споредба со она што би можело да го достигне доколку има квалитетно образование и здравствена заштита. </b>
Македонското здравство, јавното, последните седум години буквално убива луѓе, независно дали се работи со корупцијата околу Ковид вакцините, корупција со фармацевтите, или крадењето цитостатици на Хаматологија, и се помеѓу тоа... Според анализите на Светската банка, убива и потенцијал на цели генерации.
Дали може понаку, бидејќи во здравството секој загубен ден или недела значи и смрт за некој пациент за кој имало спас во нормални и стандардни услови? Има.
<b>Потребни се акции во најмалку три правци, со научни методи применливи во секој кризен менаџмент</b>: анализа, синтеза, алокација и на крај - акција.
<b>Прво</b>, треба да се одржи и унапреди и плати она што е добро, што веќе го има и функционира како пример дека може поинаку, а тоа е нивото на приватните здравствени услуги, од матичен лекар и стоматолог па се до базичните, капитални капацитети како клинчиките болници Жан Митрев, Систина и Промедика.
Парите се на граѓаните и тие треба да се користат за нивни здравствени потреби, без оглед кој ги дава, ако се ефикасни и ако граѓанинот има доверба. Тоа значи дека ако одбере приватна клиника за лекување, нема потреба од екстра плаќање за самата операција да зема кредит за да ја плати услугата. Граѓанинот треба да има право, ваучер со одредена вредност за секоја здравствена услуга кој ваучер, односно износ од буџетот, се плаќа на оној кој граѓанинот го избрал за лекување.
Накусо, ако операцијата во јавниот сектор буџетот го чини 1.000 евра, тогаш ваучерот на 1.000 евра е во располагање на граѓанинот и тој одлучува каде ќе се оперира, а владата ќе плати каде тој одбрал, без оглед дали се лекува во приватна или јавна клиника. Државата е должна да обезбеди примарни здравствени услуги, а се друго јавниот здравствен сектор ќе мора да го заработи со многу труд и углед.
Разликата во трошоци на сметка на граѓанинот може да се јави само во цената на сместување и слично, што е минимална разлика во однос на она што се плаќа сега.
Со ова се врши радикално намалување на корупцијата која ја има само во јавното здравство, се врши пазарна и надворешна јавна селекција на добри и лоши лекари и клиники, и се одржува нивото и севкупната здравствена услуга во државата бидејќи секој се бори за пациентот и неговата доверба, односно неговиот ваучер.
Овој модел беше успешно применуван во минатото. Од 2010 година до крајот на 2015 околу 6.000 двојки искористиле право да добијат финансиска помош и да добијат ваучер од државата за здравствено осигурување за да искористат да добијат принова по вештачки пат бидејќи имале проблем да го направат по природен пат. Преку 6 милиони евра тогашната влада исплатила за овие мерки.
<b>Втор правец</b>: елиминација на корупција и обука на лекарите и персоналот во јавното здравство во странство. Потребна е темелна истрага на секој познат и дојавен случај на корупција и без задршка остранување и судење на тие појави.
Поради условите за работа пред се, а дури потоа за повисока плата, најдобрите лекари премнаа во приватните клиники, она што остана или има интерес за заработка од корупција ако е на таква позиција, или во голем дел (секако не сите) е недоволно стручен кадар на кој му треба дообука платена од државата.
И ова е применето од минатата влада на ВМРО ДПМНЕ и даде одлични резултати, а потоа СДСМ и ДУИ ја укинаа таа пракса и фаворизираа партиски кадри и корупција. Имено, обуката на персоналот во здравството, проект кој се реализирше околу 4 години, покажал дека над 70 посто од докторите коишто биле на едукација вовеле нови методи во својата матична здравствена установа или пак методи коишто не биле порано практицирани во ниту една друга македонска здравствена установа.
Во тоа време над 2.500 здравствени работници беа едуцирани во реномирани центри во универзитетски клиники, во болници во повеќе земји во Европа што имаат развиен здравствен систем, како и во САД, Кина, Јапонија, Австралија. Тоа беше пракса и состоба со една друга идеологија. Тоа може да се продолжи и понатаму, после падот на СДСМ и ДУИ и да донесе радикални квалитативни промени во јавното здравство.
И, на крај, <b>третиот правец</b> во кризниот менаџмент: план и реализација.
Новата влада има три точки, што се однесува генерално на здравството: намалување до укинување на корупција со реформи во секторот на управување и вработување неквалификуван кадар преку партиски или етнички клуч и вработување на 500 лекари плус 500 медицински сестри.
Интергрирарње со изградба на четири нови клинички центри: два во Скопје, Тетово и Штип и реконструкција на болниците во Велес, Кичево, Струмица, Струга и Битола и зголемување на платите во здравството за 20%...
Законска можност лекарите од јавниот здравствен сектор да даваат услуги и во приватниот што е револуција во односот затоа што така се стекнуваат и нови искуства, допир со организирана средина на повисоко ниво во приватното здравство, поголема можност пациентот навбрејмен о да добие услуга, дополнителни приходи за лекарите... Тоа е веќе конкретен план.
<b>Во меѓувреме, треба да се поработи на корупцијата која е во тек, и на нејзино запирање</b>
Никому веќе не е тајна или непознато за рекетот со кој се соочува Клиниката Жан Митрев и нејзиниот сопственик, кардиохирургот Жан Митрев, кој е под судски прогон со обвинение за измама “по допрен глас“ откако една од невладините органзиации во партиска функција на СДСМ го прозва – за измама.
По две години откако почна процесот јасно е дека се работи за рекет, дека обвинението е без основ, и дека целта била да се изврши притисок врз Жан Митрев да ја продаде Клиниката под реална цена на албански бизнисмен. Власта која го менаџираше тоа – падна, време е да паднат и последиците од таквото владеење.
Тој судуски процес е доведен до таков апсурд што Јавното обвинителство, за прв пат во историјата на Македонија, немајќи аргументи пред судот и пред јавноста - издаде соопштение дека “медиумите со своите објави врз обвинителството и судот вршат притисок“ против обвинението!!! Се жали Обвинителство кое буквално раководи со судот, обвинителство кое како во Авганистан или Иран има рекордни 95-97% пресудена вина за своите обвиненија! Се што ќе обвини, пресудено е за виновно!
На страна бруталниот напад од Јавното обвинителство врз слободата на новинарите и правото на информација, став или заклучок. За тоа во друга прилика, новинарите не се судиите, клекнати пред обвинителите за да им извршуваат нивни желби и интереси.
На последното рочиште против Жан Митрев тројца сведоци на “Обвинителството“, иако уредно поканети, не се ни појавија. Сведочеше еден сведок кој изјави дека од медиумите и од обвинителството дознал дека е оштетен и измамен. Уште еден сведок пред судот изјавил дека “откако (во Обвинителството) ми објаснивте за што се води постапката јас се чувствувам за измамен и оштетен”, пред тоа не бил.
Овој сведок јавниот обвинител го предложи како оштетен затоа што не тој, туку неговата мајка и брат, примиле хемофилтрација, но на судењето изјави дека тој се согласил да им биде аплицирана хемофилтрација и тоа за првата хемофилтрација лично во телефонски разговор со лекар, а потоа согласноста ја давал преку друг роднина кој што бил наведен како контакт со болницата во име на семејството. И по Ковид епидемијата продолжил да оди во Клиниката Жан Митрев на контроли, а на прашање на одбраната одговори дека се лекувал и понатаму во болницата затоа што тогаш не бил информиран дека е измамен и оштетен, туку дека е измамен и оштетен дознал подоцна од медиумите и од обвинителството.
Проф. д-р Гордан Калајџиев во врска со ваквите постапки на обвинителството изјави: “Не е законито ниту професионално ЈО да им сугерира на сведоците дека се измамени односно жртви и оштетени, а уште помалку да сугерира што да изјават пред судот! Тезата на обвинителството треба да произлезе од изјавите на сведоците а не обратно! Ова укажува на сериозна опасност дека процесот е монтиран. Битно е и тоа дека сведоците односно пациентите, најчесто немале никаков директен контакт со докторот а тврдат дека лично ги измамил”.
Ни овој, како и претходните сведоци немал никаков контакт со д-р Митрев и не се познава лично. Ова е уште еден сведок кој пред судот потврди дека пред обвинителот бил сослушуван во присуство на други сведоци и го слушал нивниот исказ. Толку за “обвинението“ и многу широко променуваниот метод на минатата власт кога “невладини организации“ по повик од власта покажуваат со прст кон некого, обвинител обвинува, а судија - само извршува. Исплатата секогаш следи потоа.
Очекуваме темелни реформи во здравството, секој од нас е сегашен или потенцијален пациент, очекуваме поддршка и за приватното здравство кое последниве пет години на свој грб ги понесе најтешките процеси од интерес за пациентите и унапредување на јавното здравство кое е должно да даде соодветна услуга за парите кои секој граѓанин ги плаќа од даноци за таа намена.
Очекуваме и судство кое ќе суди, а не да чека налог од Обвинителство или партија, кое нема да биде злоупотребувано за рекет и незаконски дејствија, како и покровител на корупција во здравството.
Не очекуваме многу, само она што по закон и за парите од даноци ни следува,