Поразот на коалицијата ДУИ/СДМ на парламентарните избори сериозно ги потресува двете партии и најавува, пред се, внатрепартиска борба за преземање на позиции во поразениот тим и нужни смени во раководствата, а исто така и закани од тимот кој е на заминување како последна реакција пред прифаќање на последиците.
<b>СДСМ, партиските “невладини“ и клиничка смрт на партијата</b>
За СДСМ е веќе јасно дека тешко можат да најдат стабилен кандидат за иден претседател во состојба на загубена идеологија, немање политички капацитет на луѓе од сегашното раководство кои би го замениле Димитар Ковачевски, најголемиот губитник во историјата на СДСМ, како и проблем со премин на нивни членови и функционери во ЗНАМ кај Максим Димитриевски, кого го препознаваат како изворен социјалдемократ, она што некогаш било СДСМ во добрите години.
Раководтсвото на СДСМ, заглавено во море афери и корупција, во контрола врз судството, обвинителството, невладиниот сектор а преку него и контрола на социјалните мрежи, партијата се соочува со реакција за низата судски процеси против медиуми и новинари, се соочува со јавна критика и судски процеси за партиски функционери, нема изгледи за најмалку година дена да се опорави и стане стабилна политичка партија, а дури потоа да се бори за битен фактор во опозицијата.
Во таква ситуација тешко дека некој квалитетен кадар во СДСМ би се нафатил, сега, да преземе раководтсво на партијата која во собранието ја претставуваат најкорумпираните бивши министри на кои им недостасува само Зоран Заев за да бидат комплетни.
Какви и реформи да се обиде да спроведе во партијата и да менува слика во јавноста, идниот претседател на СДСМ ќе се соочи контраефект од настапите и појавите во собранието на поранешните корумпирани министри кои станаа пратеници кои ќе доминираат во одржување на перцепцијата дека партијата е збир на луѓе без политичка цел и со криминално поведение.
Опцијата тие да се повлечат, да дадат оставки во парламентот, и да придонесат кон стабилизирање на партијата и заборавање на криминалното досие на СДСМ е мала, речиси неверојатна можност, затоа што за нив пратеничката функција е сламка за спас од јавните критики и кривичните прогони.
Во СДСМ, со години, нема политика. Тие сами партијата ја предадоа на “невладини“ активисти со тоа купувајќи поддршка во јавноста и кај странските амбасади а, од друга страна, “партиските невладини“ функционери немаа никаква одговорност пред партијата, и битно влијаеа на корупцијата и уништувањето на институциите.
Нивните партиски “невладини организации“ ќе се обидуваат и понатаму да верглаат мантра дека со новата власт “се загрозуваат европските перспективи на државата“ но, тоа е до толку излитено и бесмислено што ни на Фејсбук веќе тоа никој не го чита, а ни самите не веруваат во кажаното и не можат да смислат нови реченици бескрајно повторувајќи ги истите зборови, без доказ и без политичка тежина.
Најпосле, “невладините организации“ на СДСМ директно ја преземаа партијата која има историски пораз на изборите, и треба да понесат дел од политичката одговорност за тоа. Имаа пратеници во составот на СДСМ, имаа министри во владата, имаа директори на државни институции... а цело време, иако во власта, се прикажуваат за “невладини организации“ и активисти кои си заминуваат и нема да поднесат последици од растурањето на СДСМ.
Ќе се запамети изјавата на Димитар Ковачевски, шеф на влада и на СДСМ, кој како доказ “колку е важен и почитуван“ постојано раскажуваше дека кај него на слава дошол Алекс Сорос, син на Џорџ Сорош, покровител на партиските “невладини организации“ на СДСМ. Тоа го смета за врв на својата политичка кариера.
СДСМ покажа дека уште од стартот на Заев како премиер не верува во кадарот на партијата и “изнајмува“ функционери од “партиските невладини“. Колку тоа беше погрешно се виде оттогаш - до денес.
Со тоа може да заклучиме дека Заев и Ковачевски, освен темелниот, длабок тектонски криминал, уривање на сите државни и јавни институции од собрание, судство до Фудбалски сојуз, и продавање на државниот статус и идентитет за сопствен материјален интерес, ја избришаа и идеологијата и конструкцијата на партијата.
Партија која се наоѓа во состојба помеѓу кома и клиничка смрт. Тоа е она кога докторите велат - “сега се е во божји раце“.
<b>ДУИ, политика на насилство, измами и криминал</b>
ДУИ не е веќе партија, со владеењето во коалација со СДСМ тие препознаа време и партнер за општ криминал и корупција пред се поради слабоста и зависноста на СДСМ без нив да не може да создаде влада, и поради традиционалната склоност на СДСМ кон узурпација на институциите и корупција. Се погодија во интересите едни на други, и делуваа како што делуваа изминатите седум години.
Под мантрата “ние ќе ја европеизираме Македонија и преговорите за влез во ЕУ само што не почнаа...“ ДУИ, во соработка со СДСМ, создаде такво ниво на корупција која не е видена ни во Косово ни во Бугарија од најцрните денови, места кои со децении во регионот се доживуваат како легло на криминал и уништени перспективи.
ДИК ги објави освоените мандати за пратеници во новиот парламентарен состав (ВИДЕО)
ДИК ги објави освоените мандати за пратеници во новиот парламентарен состав (ВИДЕО)
Триесетдневен притвор за осомничениот за двојното убиство во Стајковци
Триесетдневен притвор за осомничениот за двојното убиство во Стајковци
Мафијашкиот клан во ДУИ за кусо време, не подолго од две години по преземање на власта во 2017-та година, успеа да го “неутрализира“ и стави во сенка Али Ахмети и со толку голем капитал од украдените државни пари мафијата управуваше со партијата и купуваше поддршка и во Македонија но, и во странство.
ДУИ контрилираше Обвинителство, Судство, трговија со дрога, шверц на автомобили и секоја друга скапа роба, градежен бизнис, над половина тендери во државата, плаќаше во Македонија и во странство за добри извештаи околу приликите во Македонија... До толку забегаа што контролираат и фудбалски сојуз за само тимови од албанските газди да се натпреваруваат во Европа, а на крајот имаа повеќе министри Албанци во владата отколку Македонци, иако Албанците се 25% во општеството.
И покрај таква моќ ДУИ не обебзеди подобар живот за Албанците, освен за педестина свои функционери и нарко дилери блиски до партијата кои доминираа.
Али Ахмети одмана е англиска кралица во партијата, посрамотен и понижен откако и јавно се дозна дека тој во ДУИ е важен колку семафор во Чаир. Мафијата, препознаена во ликот на Артан Груби, ја води партијата веќе со години, затоа и излезе дел од раководтсвото на ДУИ од партијата, се издвои политичкиот дел од ДУИ, предводен од Изет Меџити, и продолжи самостојно по политички пат до победа и идна власт оставајќи го ДУИ да се занимава со “племенски“ и мафијашки теми.
ДУИ тешко го прифаќа одењето во опозиција. Бујар Османи, се уште министер за надворешни работи, не може да се помири со одење во опозиција по цели 16 години. Импровизира, глуми политичка сила и се заканува со насилство.
Со евентуално одење на ДУИ во опозиција Османи вели дека така нема да биде испочитувана вољата на албанскиот народ, а според него Мицкоски преговара со „нелегитимни Албанци“.
Ова не е веќе понижување и напад само врз Македонците, што за Али Ахмети, Артан Груби и Бујар Османи е редовен настап, вербална “вежба“ за насилство во најава пред јавноста, туку и понижување за речиси 80.000 Албанци кои гласале за ВЛЕН, Меџити, Таравари и другите од нивната коалција.
Бујар Османи се закани дека Албанците ќе бидат гневни, а ќе се „отворат теми кои не се потребни“. Останува прашањето што сакаше да најави Османи и кому да му се закани со „нови прашања кои се отвораат како непотребни“. И кои се тие прашања, како и кој е одговорот на нив - дали е политички или насилен.
“ДУИ е во постојано заседание, емоциите кај албанскиот народ се веќе вжештени и ние повеќе се обидуваме да менаџираме и да контролираме, бидејќи има луѓе кои веќе чувствуваат дека нивниот глас е ништовен“, вели Бујар Османи.
Тоа е истиот Бујар Османи кој во 2017-та, тогаш како портпарол на ДУИ, пред капијата на ДУИ во Мала Речица кажа дека нема да коалцираат со ВМРО ДПМНЕ иако тие победиле на изборите, и објави дека веќе не важи принципот на “коалиција помеѓу најголемата партија меѓу Македонците со најголемата меѓу Албанците“ затоа што “демократијата еволуирала во друг правец“.
Овие настапи на Бујар Османи ќе бидат контра продуктивни: ќе ги разгневи пред се Албанците, заради тоа што Османи тврди дека нивниот глас даден за ВЛЕН не важи, дека е ништовен, и токму тоа - “ќе отвори многу теми а такви теми не ни се потребни“, и политички и насилни меѓу самите Албанци.
ДУИ и се заканува на Македонија и Македонците во време кога имаме добри политички односи со Албанија, и кога од албанската страна политичките фактори и од власта и од опозицијата испратија серија пораки со честитки до новата власт во Македонија и очекување на подобри политички и економски односи.
ДУИ отвара конфликти кога на Албанците тоа најмалку им треба. Властите на Косово и онака се под притисок и критики од страна на САД и најголем дел од ЕУ. Економски Косово е на ниво на Македонија, што значи на ниво на сиромаштија, а Албанија се труди да биде кооперативна и да ја исчисти дамката дека “каде што има Албанци има политичка криза и насилство“. Османи и ДУИ се трудат дамката да се прошири.
За разлика до СДСМ, кој е буквално разбиен на парчиња како погоден со ракета, и во догледно време ќе имаат проблем воошто да разберат што и зошто се слува кај нив и наоколу, во ДУИ имаат друг вид на грижи и предизвици.
Али Ахмети доцна разбара дека е англиска кралица во партијата, и дека таа партија со години ја води мафија персоналиизирана во Артан Груби, но секако не само во него. Бадијала, и доцна, сега Талат Џафери изјавува дека Артан Груби, неговите изјави и политика се небитни затоа што тој не е ни партија ни влада. Не е така. И самиот Талат Џафери влезе под контрола на мафијата која му обезбедуваше јавни настапи, материјални бенефити, се сликаше со мафијашите и дилерите, па му обезбедија дури и напредување на неговиот син Барлет Џафери во правосудниот систем, стана обвинител полагајќи правосуден испит и пред да биде правник со соодветен стаж.
Во ДУИ мафијата е влезена во сржта и структурата на партијата, во темелите. Сега, откако ќе станат опозиција, ќе се бара кој е виновен, кој колку украл за себе а колку божем за партијата, ќе се дознава кој соработувал со полицијата во пресметките на нарко клановите по што следи чистка и меѓусебна елиминација, ќе се бараат назад парите дадени на кланот Заеви за проектите со марихуаната кои не профункционираа, ќе се бара поддршка од странските амбасади за спас на партијата која нема да дојде, особено не со брзина и начин кој во ДУИ се очекува.
Ќе се бара враќање на услугите од корумпираните обвинители и судии на ДУИ и СДСМ но, и тоа тешко ќе оди по реформите во правосудниот систем што веќе се покажа со отфрлање на тужбите од ДУИ за поништување на одлуките на ДИК за делумно повторување на избори во петата и шестата изборна единица. Управниот суд пресуди против ДУИ.
И за нив, во тој хаос и висока темпетратура во партискиот котел важи кажаното за СДСМ - сега “само Господ може да помогне“. Во ДУИ велат дека имаат сила, а “сила Бога не моли“ но, “Бог силу не воли“ велат Србите.