Тече кампањата за избор на нов претседател на СДСМ по историскиот пораз на партијата на последните парламентарни избори по што претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски поднесе оставка и покрај катастрофата која ја изврши врз Македонија но, и на својата партија, за време на мандатот успеа успеа да си обезбеди членство во невладината организација COSCU, чие седиште е во Хаг, Холандија за да работел на реформи, пред се во образованието!
“Господинот Ковачевски носи богата експертиза и истакнат учинок во јавната служба служејќи како премиер на Република Северна Македонија од јануари 2022 до јануари 2024 година“ велат од невладината организација не наведувајќи кои се тие успеси на Димитар Ковачевски, секако затоа што такви резултати Димитар Ковачевски - нема.
По неговата оставка четири членови на СДСМ, функционери во разни државни и јавни области, се кандидираа за нов претседател на партијата и тераат кампања: Јован Деспотовски, Славјанка Петровска и Венко Филипче и Александар Бајдевски.
Во оваа прилика предмет на анализа се првите тројца, Бајдевски сепак е тука за да ја погали својата суета и добие некоја недела јавно внимание, друга причина за него нема.
<b>Што нудат а што кријат кандидатите за претседател на СДСМ?</b>
Кампањата за свој избор за нов претседател на СДСМ прва ја почна Славјанка Петровска, сега веќе поранашна министерка за одбрана на Македонија. Од анонимус преку ноќ стана министер и им се оддолжи со примерна покорност до ниво на лично понижување на Зоран Заев и Димитар Ковачевски кои без никаква претходна заслуга и искуство ја наградија со функција.
Таа покорност и полтронско однесување од Славјанка Петровска ја прослави Димитар Ковачевски со неговата легендарна изјава “Стани Цаци да те види сала...“ на партиската трибина во 2022 година која до ден денес е тема за потсмев и ругање на двајцата учесници: Димитар Ковачевски и Славјанка Петровска која, нормалмно, послушнио стана да ја види сала. И се виде што треба.
Славјанка Петровска на партијата и нуди реформи и лидерство за враќање на политичката сцена. Како обезбедување против кандидатите Венко Филипче и Јован Деспотовски понуди услов - идниот претседател, ако биде предмет на истраги и судење, веднаш да поднесе оставка, товарејќи ги и нив и партијата со признание за корупција која може да се претвори во судење против нив, а за себе обезбедувајќи предност “на чист кандидат“.
Но, речиси едногласна перцепција на јавноста е дека Славјанка Петровска со својот личен и професионален потенцијал во никој случај не е и не може да биде ни лидер ни реформатор. По сето досега покажано може да биде и понатаму тоа што била досега, предмет на потсмев и ругање по социјалните мрежи... А за корупцијата?
Според увид во податоците за личен имот на Државната комисија за борба против корупција, Славјанка Петровска од имот има стан од 96 метри квадратни кој си го проценила на само 85.000 евра (880 евра за квадрат) и кредитни долгови од фантастични 90.000 евра. Голем долг кој мора да се врати, а функционерската плата не е доволна за подмирување.
Во мандатот на Славјанка Петеровска има низа корупциски скандали, во оваа прилика ќе го споменме само последниот, и по вредноста најголемиот - набавката на хеликоптери за министерството за одбрана во износ од 230 милиони евра кој е до таа мерка сомнителен што Антикорупциска отвори предмет за негова истрага. На потег е обвинителството.
И Славјанка Петровска, а особено нејзината претходничка на таа функција Радмила Шеќеринска која и остави коруптивни предмети во наследство, двете се оптоварени со крупни корупциски скандали со тоа што Шеќерисмнка допрва ќе мора да докажува потекло на огромен имот, како куќа во центарот на Скопје и други недивижнини во вредност од повеќе милиони евра стекнати во време на мандатите на Шеќеринска. Таа е еден од ликовите кој не може да се избегне во борбата против корупција. Патем, во тој процес, и нејзината улога кај Катица Јанева.
По скандалот за издавање сопствени станови на сопствена фирма како сместување на вработен и даночно затајување притоа, за кој скандал се најави и истрага, Шеќеринска го затвори случајот по заслуга на Сашо Мијалков. Тоа што таа, тогаш, му го вети тоа и го исполни потоа.
“Вадењето“ на Шеќеринска дека парите се од нејзиниот сопруг кој е директор на Дајнерс Македонија не држат бидејќи таму нема таква заработка, особено не легална, а истрагата за потеклото на тие пари може да се искмплицира и прошири на поврзаност со дејствија во Дајнерс Србија каде на тамошниот директор и нејзин венчан кум Обрад Сикимиќ му се суди за злоупотреба и измама по стечајот на Дајнерс Интернешнел (Србија), за што детали објави и <a href="https://forbes.vijesti.me/biznis/dajners-prodat-firmi-iz-lestana-novi-vlasnik-salje-izvrsitelje/">Форбс</a>. Обрад Сикимиќ е креаторот и градителот на Дајнерс Македонија.
Оттаму, после, се, обидот на Славјанка Петровска да се претстави себе како “чиста“ а да ги дискредитира другите двајца противкандидати со барањето “идниот претседател да даде оставка ако му се отвори истрага за корупција“ е сечење на гранката на која седи и бумеранг потез. Сееедно дали се работи за нејзина изворна корупција, или корупција доработена за процеси кои претходно ги почнала нејзината претходничка Радмила Шеќеринска а таа послушно ги спровела за да заработи место министер за одбрана.
<b>Скопското крило на СДСМ добива шанса, но... дали добива и прилика </b>
Одамна е познато дека владее “тивка војна“ помеѓу скопското крило на СДСМ и “провинцијалците“ предводени од Зоран Заев и неговиот октроиран наследник, по личен избор на Заев, Димитар Ковачевски кој се посрамоти за сите пари и себе и партијата, навлече гнев и растурање на партијата од што СДСМ нема да се оправи со години.
И додека се случуваше, а особено со излегување на виделина на сите детали потоа, е јасно дека насилното преземање на власта со и по “шарената револуција“ е дело на соросидите во Македонија, нивната инфраструктура, како и пари од корупцијата на Заев од времето кога беше градоначалник на Струмица. СДСМ беше само “изведувач на градежните работи“ и извршител на процесот.
Насилствата на “шарената револуција“ видени врз физички напади врз полицијата, палење државни имоти и простории, уништување и оштетување државен имот... се неспорни. Снимени и документирани на социјалните мрежи и видео канали и денес. Како што и денес постојат достапни докази дека во Собранието на Македонија е изгласана владата на Заев со 58 а не со 61 глас.
Тоа е минато, и нема потреба од навраќање во детали. На последните избори СДСМ и соросоидите добија пресуда од јавноста. Засега политичка, а правната се очекува. Ова е од интерес само како вовед и доказ за денешната кампања за нов претседател на СДСМ.
Имено, иако се чини дека СДСМ по “шарената револуција“ и преземањето на власта во 2017та се се качи во височините на политиката, во суштина оттогаш почна распадот кој е завршен како катастрофа на локалните во 2021, а потоа и на последните парламентарни избори.
Од 2017-та реалната власт во СДСМ ја имаат соросидите и “скопското крило“ предводено од нив и од Радмила Шеќеринска, а номиналната власт ја имаат “провинцијалците“ на Зоран Заев. И двете крила, во ситуација кога преку СЈО се врши прогон и темелно уништување на се што е опозиција, од партијата ВМРО ДПМНЕ, до медиуми, новинари, бизнисмени, интелектуалци... Се создаде простор без никаков отпор на таа власт да се врши темелна корупција од двете крила.
Соросидите во власта наметнаа свои “независни пратеници“ во редот на СДСМ, свои министри во владата, своја ултра либерална политика од типот нама мајка и татко туку родител еден и два... Обезбедија меѓународна поддршка за најкорумпираната влада во Европа (после онаа во Украина) и ја обезличија и дезорганизираа партијата без притоа да имаат било каква одговорност пред партиските членови и активисти затоа што тие се “независни“.
Својот удел во обезбедувањето власт за СДСМ и Заев сосе неговите “провинцијлаци“ дебело го наплатија со учество во темелната корупција. Се формираше Фонд за иновации на чело со денешниот кандидат за нов претседател на СДСМ, Јован Деспотовски, кој Фонд од државната каса испумпа и исплати над 320 милиони евра! кои во голем дел завршија кај “независните“. И не е само Фондот, секој проект и кампања на владата завршуваше по нивни налог.
Јован Деспотовски, сега како кандидат, има силна кампања во негова полза за иден шеф на СДСМ од “независните и невладини“ активисти, медиуми и портали, со што услугите му ги враќаат. Но, останува гол и јасен факт дека Јован Деспотовски е еден од клучните генератори на корупцијата заради која страда целата држава, и заради која се распадна и растури СДСМ.
Како дополнителен прилог кон ова се очекува јавно презентирање детали по информацијата каде и за кои цели завршиле 700.000 евра кои Јован Деспотовски ги исплатил на “консултанти“.
Деспотовски, како кандидат на соросоидите, освен тоа, е со намера да ја доврши постапката за дефинитивно обезличување и дезориентација на СДСМ, нејзино “позеленување“ и бришење на сите историски корени и идентитет на партијата.
Левица и ЗНАМ со радост го исчекуваат негото прогласување за иден претседател на СДСМ, и преземање на остатокот членови и гласачи од таа партија кои во неа не препознаваат ништо од сопствената идеологија и место во историјата.
<b>И, на крај, кој кандидат на Зоран Заев ќе победи?</b>
Јован Деспотовски и Славјанка Петровска тераат мантра дека третиот од четирите кандидати за иден претседател на СДСМ, поранешниот министер за здравство Венко Филипче, е кандидат на Зоран Заев и, според нив, затоа не треба да биде гласан за иден претседател. Тоа требало да му биде маана во кандидатурата. Не смеат тоа да го кажат лично, па мора да оди преку други.
И Деспотовски и Петровска знаат дека и двајцата имаат обврски и договор со Зоран Заев, дека тој игра на сите три кандидати, и тие како резервни опции имаат преземени обврски кон него ако победат на изборот. Таков е политичкиот карактер и трговија на Заев отсекогаш.
Венко Филипче е, како и претходните двајца, скопски кандидат и се повикува на претходно најавената потреба “Скопје да добие власт во партијата по толку години под власта на провинцијлаците од СДСМ“. По теретот за корупција не е ни над ни под Славјанка Петровска и Јован Деспотовски. Сите тројца се од истиот брод кој под терет на корупцијата потонал.
Ја нема поддршката од соросоидите што е од една страна хендикеп во медиумите и на социјалните мрежи но, од друга страна, е предност пред изворните гласачи на СДСМ кои се плашат од понатамошно губење идентитет на СДСМ. За разлика од другите двајца тој има директна поддршка од Зоран Заев кој го смета Филипче за свој најблизок соработник од власта и лично се ангажираше и инвестираше во него за време на изборите во изборната единица четири.
Но, и јавноста и членовите на СДСМ знаат дека ниту еден од наведените тројца кандидати нема партиско искуство и способност да менаџира процеси, да работи на терен и организира локални и централни активности што е темелна неопходност за партиска работа. Дека сите тројца се манекени а фактот зад кого стои Заев, во тие околности, може да биде пресуден.
Единствен кој има таква организациска и финансика моќ за основно функционирање на партиајта од врвот на овој СДСМ е - Зоран Заев, што е болна вистина но и гол факт. Патем има и најмалку пет пратеници под своја лична контрола кои во одреден момент можат да го напуштат СДСМ ако на Заев тоа му затреба. А Зоран Заев стои зад Венко Филипче, со сета организациска моќ, со парите кои ги има а без кои партијата не може да функционира, и со контрола врз локалните органзиации кои преку директно гласање на членовите избираат нов претседател на СДСМ.
Како изгледа гласањето во СДСМ, каде секој член кој платил членарина може да гласа лично но, и електронски, за иден претседател.
Така што се пријавуваат за гласање, но не мора лично, и - гласаат. Кога се бираше Зоран Заев за претседател гласаа околу 70.000 членови. Кога по избор на Зоран Заев за претседател се одбра Димитар Ковачевски имаше околу 30.000 гласачи. Сега е неизвесно колку ќе гласаат за нов претседател на СДСМ?
Тимот на Зоран Заев може да плати потребен број членарини и електронски, па и лично, да обезбеди гласови колку што се потребни за неговиот кандидат. Тоа го овозможува начинот на гласање во партијата. И, во таков случај, речиси извесно е дека ќе победи Венко Филипче. Ретко кој член на СДСМ би ризикувал партијата да ја преземе и води некој од “манекените“ без организациската и финансиска поддршка на Зоран Заев.
Но, кој и да победи, кој и да биде иден претседател на СДСМ нема да трае долго. Догодина ова време ќе има локални избори на кои, без сомнение, СДСМ ќе доживее пораз и повторно ќе се отворат истите процеси: отчет за резултатите и повторно избор на следен претседател кој “ќе ја воздигне и врати партијата на свое место“.
Дотогаш ријалити шоуто во СДСМ ќе ја забавува јавноста.