Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Тен Хаг и со освојување на ФА Купот може да ја доживее истата судбината на Ван Гал

25 мај 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хег, не знае дали ќе добие отказ дури и ако триумфираат во финалето на ФА Купот против шампионот Манчестер Сити, јавува Би-Би-Си.

Шпекулациите за смена на холандскиот тренер не стивнуваат во последните недели, особено по неубедливите резултати на „црвените ѓаволи“ на крајот од сезоната во Премиер лигата. Тие ја завршија лигата на рекордно ниската осма позиција и нема да играат на европските турнири доколку не го освојат ФА Купот против градскиот ривал Манчестер Сити.

Од ББС прецизираат дека дури по завршувањето на овој натпревар, сезоната на Манчестер Јунајтед ќе биде анализирана од раководството и потоа ќе се суди дали вреди да се продолжи со Тен Хаг.

Авторитетните англиски медиуми потсетуваат дека Луис ван Гал во 2016 година доби отказ 24 часа по освојувањето на ФА Купот во финалето против Кристал Палас.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ