Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Вработена на крузер си го убила новородениот син во близина на брегот на Италија

21 мај 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Осомничената, која ја криела својата бременост од колегите и претпоставените, се породила на 17 мај на брод за крстарење, во моментот кога бродот бил блиску до пристаништето Санто Стефано. Два дена подоцна детето било пронајдено мртво, објави Анса.

Телото на момчето било пронајдено во кабината што осомничената ја делела со другите членови на екипажот.

Според обвинителството, девојка од Филипините е обвинета дека го убила детето кое го родила на крузерот Silver Whisper, кој плови под бахамското знаме.

Се претпоставува дека осомничената го оставила детето само во кабината и си заминала.

Колегите повикале полиција во неделата вечерта откако во кабината пронашле мртво новородено бебе. Инаку, осомничената ја делела кабината со уште две жени кои се дел од екипажот.

За жал, Брзата помош не можела да стори ништо за да го спаси детето и телото на бебето било пренесено на обдукција, за да се утврдат точните причини за смртта.

Според италијанските медиуми, мајката била пренесена во болница во Тоскана.

По истрагата, бродот го напуштил пристаништето, а мајката ќе биде приведена.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ