Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Видео: Драма во руски затвор: Припадници на Исламската држава држат заложници; „Имаат секири“

16 јуни 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Група затвореници од истражниот затвор во Ростовската област во Русија, кои како заложници зеле неколку вработени во затворот, бараат да им се обезбеди автомобил и слободно да го напуштат затворот, изјавија за агенцијата Интерфакс руските служби за итни случаи.

Тие тврдат дека се членови на терористичката организација Исламска држава, која е забранета во Руската Федерација, наведува агенцијата.

Интерфакс додава дека затворениците се вооружени со ножеви и остри предмети. Агенцијата РИА Новости, повикувајќи се на упатен извор, наведува дека оперативен офицер и надзорник во истражниот затвор во Ростовскаја биле земени како заложници, а затворениците кои ги заробиле се товарат за тероризам.

„Тие имаат секири, очигледно од противпожарна опрема и гумени палки, без огнено оружје“, рекол изворот.

Агенцијата наведува дека преговорите за ослободување на заложниците се во тек и дека на лице место се шефот на регионалниот штаб на Федералната поправна служба и претставници на органите на прогонот и обвинителството.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ