Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Шолц и покрај поразот на ЕП изборите: Партијата ќе ме кандидира на следните избори

15 јуни 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Шолц во денешното интервју за телевизијата АРД брзо одговори со „да“ на прашањето дали е сигурен дека ќе биде кандидат на социјалдемократите за канцелар на изборите во 2025 година.

Шолц го призна лошиот резултат што социјалдемократите и двете други партии во неговата владејачка коалиција, Зелените и либералите, го постигнаа на европските избори на 9 јуни. Трите партии заедно добија помалку од една третина од вкупниот број гласови. Но, Шолц рече дека не ги поддржува повиците за гласање доверба на неговата влада во парламентот и дека нема да бара предвремени избори.

„Факт е дека владата има мнозинство во парламентот. Токму оваа недела во Бундестагот донесовме закони и имаме мандат да ја исполниме и да ја завршиме нашата работа. Тоа е она што го правиме“, рече Шолц, кој даде интервју пред напуштање на самитот на групата Г7 во Италија.

Десничарската опозициска Христијанско-демократска партија победи на европските избори, а екстремно десничарската Алтернатива за Германија, исто така, оствари добри резултати.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ