Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Милиони аџии се упатија кон планината Арафат и покрај екстремно високите температури

15 јуни 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Облечени во бело, некои аџии пристигнаа таму во мугрите за да се искачат на ридот висок 70 метри во близина на Мека, каде што пророкот Мухамед ја одржа својата последна проповед.

Бројни верници пристигнаа да го извршат аџилакот, една од обврските што сите муслимански верници мора да ја извршат еднаш во животот, под услов да се физички способни да го направат патувањето до родното место на пророкот Мухамед и под услов да имаат доволно финансиски средства.

Според официјалните прогнози, денеска се очекува температурите да достигнат до 43 Целзиусови степени. 

Муслиманските верници утре ќе го одбележат Курбан Бајрам. Минатата година, повеќе од 1,8 милиони муслимани извршиле аџилак, од кои околу 90 отсто дошле од странство. 

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ