Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Украина сама одлучува кои цели да ги нападне, соопшти Пентагон

24 јуни 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Најмалку четири лица загинаа, а 151 лице беа повредени во нападот.

„Украина ги означува сопствените цели и спроведува свои воени операции“, изјави портпаролот на американското Министерство за одбрана.

Претставник на Советот за национална безбедност на Белата куќа рече дека секоја загуба на цивилен живот е трагедија.

„Ова секако важи и за илјадниците невини Украинци убиени од руските сили од почетокот на руската воена агресија“, додаде официјалниот претставник.

Според руските власти, во нападот врз Севастопол загинале најмалку две деца.

 Русија соопшти дека оружјето користено во нападот било обезбедено од САД, а таргетирањето и податоците за целта биле обезбедени од американски воени специјалисти. /МИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ