Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Макрон ѝ ја бакнува раката на Мелони, таа превртува со очите (ВИДЕО)

15 јуни 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Тензиите меѓу двајцата државници ескалираа кога Италија побара да се отстранат референците за „безбеден и легален абортус“ од последната изјава на овонеделниот самит на Г7 - нешто со што Франција не се согласува.

Макрон подоцна рече дека „жалосно е што зборот „абортус“ недостасува во конечната декларација на Г7“.

Дека има несогласувања меѓу Мелони и Макрон можеше да се види од видеото од нивното ракување кое набрзо стана вирално на социјалните мрежи.

Макрон ѝ пријде на Мелони, ѝ ја подаде и ја бакна раката, на што таа криво се насмевна, а подоцна, додека францускиот претседател се оддалечи, преврте со очите.

Погледнете го видеото:

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ