Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Блинкен го именуваше Том Саливан за нов специјален советник кој ќе го замени Дерек Шоле

24 јуни 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Саливен беше заменик шеф на кабинетот на Блинкен, функција што ја имаше и кога Џон Кери беше државен секретар.

„Саливен поседува незаменлива широчина на знаење за тоа како се формулира и спроведува политиката за национална безбедност, политиката што ја спроведува секој ден во име на американскиот народ“, наведе Блинкен во денешното соопштение од Стејт департментот.

Дерек Шоле, кој како специјален советник во Стејт департментот се занимаваше и со регионот на Западен Балкан, во јули минатата година објави дека се префрла на нова позиција во Министерството за одбрана.

Блинкен денеска објави дека „во текот на изминатите три и пол години се потпирал на мудриот совет и цврстата рака на Дерек Шоле за да помогне во решавањето на најтешките прашања со кои се соочуваат САД“. /МИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ