Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Борел: ЕУ мора да избере дали ќе ги поддржи меѓународните институции или Израел

24 мај 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, по денешната наредба на Меѓународниот суд на правдата (МСП) до Израел веднаш да ја прекине офанзивата на Рафа, изјави дека ЕУ ќе треба да избере дали ќе ги поддржи меѓународните институции или Израел.

„Каков ќе биде одговорот на (ЕУ) на денешната пресуда на Меѓународниот суд на правдата, каков ќе биде нашиот став? Ќе треба да избереме помеѓу нашата поддршка за меѓународните институции за владеење на правото или нашата поддршка за Израел“, рече Борел./МИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ