Доцна синоќа aоколу 1 часот по полноќ во СВР Скопје, Н.С.(18) од с.Арнакија, Скопско, пријавил дека на околу 23:30 часот на регионалниот пат Тетово-Скопје, во близина на с.Чајлане, 17-годишник од с. Бојане, Скопско, кој бил со патничко возило „фоклсваген пасат“, а со кого претходно имале расправија, пукал кон Н.С. и неговото возило „сеат леон“.
Од МВР потврдуваат дека нема повредени лица.
Од таму додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.