Vreme.mk - Дознај на Време.

Живот

Еко активистите со порака за вистински мерки за зелена транзиција

25 мај 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Потребни се вистински мерки за зелена транзиција и подигање на свеста за влијанието од климатските промени, е пораката која еко активистите во земјава на денешниот настан „Бараме климатска акција сега “, чија цел е превенција од негативните климатски влијанија врз нашата држава.  

На хартија имаме многу но акција имаме нула, велат активистите. Според нив прво нешто што треба да се направи е носење на Законот за климатска акција и промени во сите сфери. Ситуацијата во земјава велат е аларменатна, а надлежните доцнат со мерки. 

„Да биде во сите сектори, бидејќи веруваме дека на тој начин ќе се намали и отпадот и загубите на храна, ќе се направи одржливост во нашето земјоделие, цените на хранта нема да рипаат како што сега рипаат. Еве што сега хранта е толку висока кај нас бидејќи приемр лани имавме многу намалени приноси на храна, најголем дел од нив е поради влијание од климатските промени,“- изјави Блажо Јосифофски – Гоу грин.

Активистите со оценка ниту граѓаните, ниту институциите не се доволно свевсни за сериозноста од последиците.

„Недостасува храброст во политиката да се соочат и воочат предупредувањата за тоа тшо се ќе ни се случи во наредните веќе до 2050 година, тоа е втората онаа временска одредница која се споменува во извештаите и тука веќе можеме да жнееме и сериозни последици ако не преземеме сериозни мерки сега во ова време што ни следи, “-изјави Јане Димески – Шанса за Центар.

„Потребно е да бидеме свесни за ризиците и проблемите кои ќе ги предизвикуваат климатските промени во иднина за да можееме подобро да се заштитме и да се справиме. Свесноства кај граѓаните за тоа дека ни се случуваат климатските промени не можам да кажам дека е на високо ниво има и натаму голем дел граѓани кои не веруваат, барем анализите го покажуваат тоа иако голем дел од промените во климата се повеќе од евиденнтни. “-изјави Бојана Станојевска Пецуроска – Центар за климатски промени.

Денешниот настан е само еден од низата настани поврзани со подигнување на свеста за влијанието од климатските промени. Граѓанските организации очекуваат  час поскоро подигнување на свеста  кај самите граѓани кои индивидуално може многу да променат, но и превземање вистински чекори од страна на надележните.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ