Vreme.mk - Дознај на Време.

Забава

Тејлор Свифт за 24 часа продаде 2,4 милиони билети за концерт

25 март 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

За тие пет години мегапопуларната пејачка објави четири албуми, вклучувајќи го и добитникот на Греми „Фолклор“.

Со оглед на тоа што поради пандемијата немаше живи настапи и концерти, нејзиниот прв настап, одржан синоќа во рамките на турнејата „Ерас“, наиде на големо нетрпение од фановите и траеше три часа и петнаесет минути.

Се одржа во Глендејл, Аризона, американски град привремено преименуван во Свифт Сити во чест на концертот на пејачката. Свифт изведе 44 песни, нови и стари. На стадионот „Аризона Стејт Фарм“ се собраа околу 80.000 навивачи.

Ѕвездата вети дека нејзините настапи ќе бидат своевидно патување низ сите нејзини музички периоди, а интересот на обожавателите е толку голем што системот „Тикетмастер“ во еден момент падна поради побарувачката на билети.

Но, и покрај ова, мегапопуларната Тејлор Свифт го собори рекордот по бројот на продадени билети за концерти на еден уметник во еден ден. За само 24 часа биле продадени дури 2,4 милиони билети за концерт.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ