Драган Којиќ-Кеба (67) може да заборави да понесе сè, но не и своето познато огледалце, што докажува колку е посветен на својот изглед и дека секогаш мора да биде задоволен од тоа како изгледа.
Познато е и дека пејачот има „направени“ веѓи, што е дело на Адам Адактар, а иако не штеди на тоа, не троши многу пари за нега на лицето.
- Тешко ми е, на пример, кога треба да ставам подлога поради снимање и шоуа, генерално препорачувам што помалку шминка бидејќи на други начини лицето може да изгледа затегнато и свежо. Има секакви финти, изјави Кеба.
- На пример, се мијам со сапун од маслиново масло, кој колку и да го плакнам остава трага од маслото лековито за лицето. Некое време практикував да се мијам со кисела вода наутро, штом ќе се разбудам. Од состојките во газираната вода лицето дополнително се ексфолира и затегнува. Не треба да го правите тоа секое утро, но повремено да, всушност само како пилинг. Кога ќе завршам, користам креми, открил пејачот.