Vreme.mk - Дознај на Време.

Балкан

Радев ја претстави старо-новата техничка влада на Бугарија

3 февруари 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Во владата предводена од досегашниот премиер Галаб Донев, остануваат минситрите за надворешни работи Николај Милков како и за внатрешни работи Иван Демерџиев, а единствената промена во кабинетот е само во ресорот култура.

 Радев во својот говор ја пофали работата на техничката влада, велејќи дека таа добро се справила со својата задача и како што оцени, го спречила слободниот пад на државата.

 Ова е инаку четврта по ред техничка влада во Бугарија во изминатите две години, која пак има за задача да организира нови петти по ред предвремени парламентарни избори кои треба да се одржат на 2 април.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ