Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

„Во иднина клуб од С.Арабија ќе заигра во УЕФА Лигата на шампионите“

7 март 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Сигурна сум дека клуб од Саудиска Арабија ќе заигра во УЕФА Лигата на шампионите. Не знам колку ќе биде потребно за тоа, но познавајќи ги Саудијците, тоа нема да трае долго“, изјави Аманда Ставели, косопственичката на англискиот фудбалски клуб Њукасл за бизнис списанието „Блумберг“.
Во последните две-три години Саудиска Арабија направи револуција во фудбалот во својата држава, а и на глобален план со оглед на тоа дека од Европа донесе многу фудбалски ѕвезди. Нивото на фудбалското првенство се крева, а како што неодамна кажа Кристијано Роналдо, кој игра за Ал Наср, се чини дека е подобро од француската Лига 1.
Саудијците влегоа и во Њукасл и пополека го прават гигант во англискиот фудбал. Оваа сезона за првпат по подолго време заиграа во ЛШ.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ