Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Челзи со негативен рекорд – најмногу примени голови во историјата на Премиер лигата

24 април 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Челзи беше демолиран на гостувањето кај Арсенал со 5:0. „Топчиите“ ја запишаа највисоката победа во историјата на дерби мечевите со „сините“.
А Челзи по 32 одиграни натпревари има 57 примени голови што е најмногу во една сезона во историјата на Премиер лигата. Од Арсенал прими вкупно седум голови (5:0 и 2:2), од Вулверхемптон прими шест (4:2 и 2:1), од Манчестер Сити пет (4:4 и 1:0) исто толку и од Ливерпул (4:1 и 1:1), од Брентфорд четири (2:0 и 2:2)…
Како споредба во шампионската 2004/05 под водство на Жозе Мурињо, Челзи имаше примено само 15 голови.
Овие 57 примени голови може да станат повеќе. Челзи до крајот на првенството ќе игра уште со Астон Вила, Тотенхем, Вест Хем, Нотингем Форест и Брајтон.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ