Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Артета по убедливата победа: Во првото полувреме не бевме дисциплинирани

24 април 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета ја прокоментира победата на „топчиите“ со 5:0 против тимот на Челзи во средбата од 29. коло на англиската Премиер-лига. Успехот беше најголем за лондонските црвени во историјата на нивното ривалство со градските ривали, бидејќи успеаја да го подобрат својот рекорд од 1930 година кога го победија истиот противник со 5-1.

„Многу сум среќен поради победата, бројот на шанси и постигнатите голови. Тоа што не примивме гол ја покажа и нашата константност оваа сезона. Во првото полувреме на моменти не бевме доволно дисциплинирани. Анализиравме на паузата и потоа имаше подобрувања и второто полувреме беше неверојатно“, изјави Артета, цитиран од Би-Би-Си.

Благодарение на успехот, Арсенал излезе на првото место, три бода повеќе од второпласираниот Ливерпул и четири од третопласираниот Манчестер Сити.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ