Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Мбапе потврди: Нема да играм на ЛОИ во Париз

17 јуни 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Францускиот репрезетативец Килијан Мбапе во неделата изјави дека нема да игра за француската репрезентација на Олимписките игри во Париз, бидејќи неговиот нов клуб Реал Мадрид не се согласува со овој потег. Мбапе во март изјави дека сака да игра на Игрите во Париз, но бидејќи олимпискиот фудбалски турнир не е во календарот на ФИФА, клубовите не се обврзани да ослободуваат играчи.

Францускиот селектор на олимписката репрезентација Тиери Анри не го вклучи 25-годишниот Мбапе во неговиот прелиминарен тим од 25 играчи.

„Позицијата на мојот клуб беше многу јасна и поради тоа нема да учествувам на Игрите“, изјави Мбапе за новинарите пред натпреварот против Австрија кој „триколорите“ го играат вечерва на ЕП 2024.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ