Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Германската полиција уапсила седум српски навивачи поради инцидентите во Гелзенкирхен

17 јуни 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Германската полиција соопшти дека привела седум навивачи на српската репрезентација вмешани во тепачка со Англичаните во Гелзенкирхен, непосредно пред почетокот на натпреварот меѓу Србија и Англија.

Сите се приведени по инцидентот што се случил на терасата на ресторан во градот, изјави портпаролот на полицијата, додавајќи дека е поднесена пријава за напад и повреди.

„Причините за тоа што се случи сè уште се нејасни“, додаде портпаролот.

Германската полиција претходно соопшти дека распоредила дополнителни сили поради страв од инциденти.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ