Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Ѕвездата на Кристал Палас го одбра Баерн

22 јуни 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Еден од најдобрите играчи на Кристал Палас – Михаел Олисе, избра да се пресели во Баерн Минхен, тврди „Атлетик“. 22-годишниот крилен напаѓач има откупна клаузула од околу 60 милиони фунти. Во битка за неговиот потпис беа Челзи и Њукасл кои не одбија да ја платат таа сума.

Кристал Палас не се откажува од обидите да го задржи и неодамна му понуди нов договор со ветување дека ќе го продаде следното лето. Сепак, играчот е подготвен за нов чекор во кариерата и најверојатно ќе си замине во летниот преоден рок. Раководството на тимот веќе ја прифатиле понудата на Баерн, а според некои играчот се согласил со условите што ги понудиле Баварците.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ