Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Дешамп го потврди збогувањето по СП 2026: Мора да знаете да кажете – СТОП!

8 јануари 2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Она што беше најавено вчера, денеска се потврди. Дидие Дешамп си заминува од селекторската функција на Франција, на која е од 2012 година. Тоа ќе го стори по СП 2026 година. Веќе за својата одлука ги информирал и челниците на Фудбалската федерација на Франција.

Денеска за медиумите во таа земја, покрај другото, Дешамп истакна:

Никогаш не сакате да заврши кога е приказната е убава, но јасно е дека мора некогаш да се каже – СТОП. Во мојата глава веќе нема дилеми. По завршувањето на СП 2026, јас веќе нема да бидам селектор на Франција. Го отслужив своето, и сакам со иста желба, со иста страст како и досега, да ја водам Франција на СП 2026“. Имам живот и понатаму. Не знам што ќе биде, но ќе биде добро“.

Инаку Франција под водство на Дешамп беше светски првак на СП 2018, финалист на СП 2022. На ЕП 2016 на свој терен беше финалист.

Веќе извесно е дека негов наследник ќе биде легендарниот Зинедин Зидан.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ