На подготовките кои се одржуваат во Анталија, тимот на Динамо Загреб на чело со новиот тренер Фабио Канаваро одигра 2:2 против екипата на Шахтјор Доњецк. Ова практично беше деби за Канаваро како тренер на „Модрите“ во меч во кој стартер беше нашиот Стефан Ристовски како капитен.
Од друга страна пак, Канаваро не го сврсти во составот на денешниот меч Аријан Адеми, поред се поради претпазливост и поради чување што се вели на еден од највредните играчи за тимот.
Динамо на пролет го чека и настапи во Европа, но и битка за секој бод на домашна сцена што би довело до нова шампионска титула.