На што спадна некогаш “државотворниот“ СДСМ на Киро Глигоров и Бранко Црвенковски. Да биде соучесник на корумпираните од ДУИ да предизвикаат меѓуетничка тепачка од масовни размери. Дно.
Можам само да замислам како Киро ги гледа од горе, од небото, а како Бранко од сенката во која живее... Но, ако првиот нема директна линија со СДСМ, вториов, Бранко, мора да гукне и да каже: другари – доста е!!! Отидовте у три пичке материне со лудилото и крадењето, а сега за да ги сочувате парите се ујдисавте со битанги и станавте соучесници на најлошите. Станавте пиромани.
Со месеци Али Ахмети најавува немири и инциденти. Чекаше ден кога е погоден за неговиот план да распали емоции бидејќи неможе да распали ум на Албанците во ситуација кога нема што да им понуди за размислување. Ништо освен сеење магла додека он, неговата фамилија, Аратан Груби и гангот ги штекаат милионите и спремни се на се да ги сочуваат, слободни, па макар и гинеле Албанци и Македонци по улици во маглата на ДУИ.
Да, тоа беше планот. Во емотивен ден, ден на албанското знаме, да собереш навивачки групи и да тргнат во најголем сообраќаен шпиц во Скопје од Партизанка па натаму за да обележат територија на која сакаат да покажат дека владеат и ја контролираат, да врескаат, и да веат знамиња на друга држава пред нос на шокираните и изнервирани скопјани и да чекаат некој да грене глас и рака на нив. Небитно кој, дали граѓани, дали полиција. Да пукне динамитот.
И, потоа, следи излегување на пар иљади спремни преторијанци на ДУИ за масовни немири, кршење, сликање полицајци како дигаат пендреци, Македонци како бегаат од толпата, хаос кој веднаш ќе се слика, снима и шири по социјалните мрежи, соросидите ќе ја нападнат власта и ќе се пакува за итни средби по странските амбасади. Косово од осумдесеттите и деведесттите години.
Тоа е “политиката“ на Али Ахмети, трета лига на УЧК и човек чиј ум застанал во тоа време незабележувајќи дека времињата, местото и околностите се смениле. Како глумец од времето на немиот црно-бел филм кој пропаднал во новото време и станува насилник кој крши кино сали затоа што народот гледа други филмови, во боја, со тон и слика, а тој е небитен како семафор во Чаир, и никому потребен.
Никому, освен на бандата што ја ограби државата и сега е спремна да фрли и стотици Албанци на улица, да ги жртвува, само за да се скрие себе и својот грабеж во маглата. Тие на улица ќе страдаат, Груби и бандата ќе штекаат кеш.
Али Ахмети е надвор од филмот. Бивш политичар, неук и застарен. Не треба поголем доказ за тоа од фактот дека ДУИ ја води Артан Груби и неговата банда а Али Ахмети е само англиска кралица во тој состав. Кога ќе посака да биде нешто повеќе од тоа Артан Груби и бандата ќе достават некои документи, сметки и детали до порталите како се богати неговата фамилија и – ќе го заќутат. Ќе го вратат на фабричко подешавање. Не сме само ние лопови, и твоите се, ќе му порачаат. Ќе го потсетат дека е третокласен глумец во униформа на УЧК и со божем книга во рацете, демоинтиран политичар со манири од пред 30 години.
Со план да се содаде физичка пресметка помеѓу Албанците и полицијата, како и меѓу Албанците и сите други во Скопје, на чувствителен и емотивен ден, ден на албанското знаме, ДУИ и СДСМ туркаа конфликт. А по конфликтот ДУИ да излезе со приказна дека Македонија и Македонците дигнале рака врз нив на тој свет ден и нема веќе што да се разговара за соживот. Дека Влен ги продал Албанците кои се тепани од власта во кои тие учествуваат со Макеоднци кои ДУИ не ги признава.
СДСМ ќе бараше нови избори заради експлозија на меѓуетнички односи со фразата “оваа антиевропска влада“ создава тензии, не оддалеува од Европа... бла, бла, бла... Избори и Венко Филипче за премиер, а Зоран Заев за губернатор. Да, затоа што со тој план Македонија и формлано паѓа во рацете на мафијата и станува губернија водена од мафијашите. Веќе видено, и на избори отфрлено.
Замисли, ДУИ на денот на демонстрациите низ Скопје бара беља, а СДСМ бара насилна интервенција на полицијата која на ДУИ би им дала повод за следниот чекор – насилни масовни демонстрации. Педантно планирана соработка. Ќар и за двете страни. Зијан за сите други.
СДСМ и ДУИ, на тој ден, беа спремни да ја запалат државата. Како и сите корумпирани криминалци, кога се близжи денот на проверка на сметките прво што им паѓа на ум е да го запалат сметководството. Да ги снема трагите, и казната.
За ДУИ, со дезориентораниот Али Ахмети и богатата банда на Артан Груби ништо чудно но, и покрај се што СДСМ со Заев, Филипче и гревон од Куманово што веруваше дека е премиер, Ковачевски, за СДСМ не верував дека се до ушите пропаднати во кал, и дека има некој освен наброените во таа партија што е спремен да биде асистент на ДУИ во палење на Макеоднија. На денот на албанското знаме. Сум се излажал. Има такви.
Има. Особено откако соросидите сега и формално ја преземаа партијата СДСМ. Ние први имаме “невладина“ која и формално владее со партија. А тие, соросоидите, се познати по насилства, кршења, притисоци, гушење слобода на говор, демонстрации... Но, кога СДСМ ќе падне тотално, тие ќе си заминат а партијата ќе ги брои поразите и омразата стекната во јавноста поради нив.
Времињата се менуваат, иако Али Ахмети тоа не го забележал. Луѓето се други и понакви од мафијата која ја создадоа и со која живееа ДУИ, Заев и СДСМ. Ова се нови луѓе со нови планови. Нови навики и нова памет и перспектива. Не наседнаа. Не наседнаа ни Македонците ни Албанците. Јасно им беше се.
Како што не наседнаа ни Албанците во Косово и Албанија. Никој не ги поддржа Али Ахмети и СДСМ на Заев/Филипче и соросоидите. Напротив.
Власта остави навивачките групи, Шверцерите, да дивеат низ Скопје, се издишаа. Полицијата ги следеше на секој чекор за да нема лични инциденти и, им залепи кривични пријави по кои некои од нив завршија во притвор и заедно со другите ги чека судење. Македонија се спаси од динамитот на ДУИ и СДСМ. Сега следи контрола на сметководството кое избегна пожар, и од книгите ќе излезат нови притвори и судења, Овојпат не за навивачките групи, туку за богатите нарачатели.
Црно белите филмови каде Али Ахмети е третокласен глумец во немите филмови а Заев е негов дојебник, завршуваат. Ново време, нови правила. Во новото време добивме нова вредност: Албанците и Македонците, заедно, покажаа дека имаат заеднички потреби за мир, за работа, за стабилност, за еднаквост и за правна држава со која мафијата не владее со судиите, обвинителите, тендерите... а сите други трпат и го плаќаат тоа од свој џеб.
Албанците не дозволија, уште еднаш, светот да ги гледа како насилници кои потпалуваат пожари насекаде по Балканов. Македонците покажаа тактичност и свест дека една група не идентификува цела една етничка заедница. Го знаат, и едните и другите, Артан Груби и неговите насилства, дали е тапечката на Македонци на Кале, дали кршењето на новиот театар од страна на неговите Шверцери, дали се уште неразјасненетата негова улога во злосторствата во “Жолатата куќа“ на Косово во која се ваделе човечки органи и се тргувало со нив за што во Хаг се води судски процес..
Накусо, на сите се им е јасно, и порачаа: доста е! И од едните и од другите пиромани аир не видовме, ама гледаме како доаѓате како клошари а заминуваат како милионери, едните во Швицарска другите во Дубаи.
Сите, и ВМРО и Влен ја осудија провокацијата како опасен обид да се запали државата за да се скријат криминалите на мафијата и запрат истраги. Чудно, дојебнците на СДСМ, кловновите од Левица, ќутеа. Мукла. Пропадна планот.
ОК, беше што беше и заврши на најдобар можен начин. Јавноста задоволна што се врати мирот за помлаку од 24 часа. Власта сега доби нов поттик да ја зачисти куќата и теренот воочи реконструкциа на државниот систем и започнување на реализација на плановите. А бандите од врвот на ДУИ и СДСМ? Соголени до коска.
Па, затоа, му пишав на Киро Глигоров за дешавкиве, можеби таму горе се уште нема интернет да види како овде стојат работите во неговата Македонија.
На Бранко не му пишав, он не е ни горе ни овде доле. Он е во лимбо состојба. Но, да го потсетам, он ги внесе ДУИ во политиката, он го измисли Заев, он му даде амнестија од судење за корупција, он тераше насилни демонстрации за влез во Собраието заедно со него, он имаше вонбрачни политички врски со соросидите и го внесе тогашниот шеф на соросидите Владе Милчин во раководството на СДСМ... Сето ова не е спремано од вчера.
Татковците одговараат за неделата на своите малоумни деца затоа што ги спремале за тоа: како во случај Рибникар во Београд. Излези Бранко, и кажи им што треба на твоите пиромани. Кажи им бидејќи твојата куќа на Бихаќка е во пламен. Без таа куќа ти си никој и ништо.
Д.П. Латас
(30.11.2024)