Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Де Брујн откри каде ќе игра следната сезона

1 јули 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Белгискиот интернационалец, Кевин де Брујн соопшти дека засега има план наредната сезона да го носи дресот на Манчестер Сити и дека не добил никаква луда понуда од Саудиска Арабија.
На големо се зборуваше дека Де Брујн ќе ја менува средината затоа што Сити ќе бара нов играч на неговата позиција, но засега тоа нема да се случи.
Да, останувам во Сити и наредната сезона. Читав за тоа дека ќе одам во Саудиска Арабија, но да бидам искрен не разговарав со ниту еден клуб. Ако постои добра понуда и ако му кажеш на Пеп дека сакаш да си одиш, тогаш се е можно. Јас за сега ништо му немам кажано“, изјави Де Брујн.

Имам договор со Сити на уште една година. Веројатно ќе има некои разговори, а ако нема, тогаш ќе побарам нешто друго. Тешко е да се каже што ќе се случи. Ова лето ќе уживам на одмор, а потоа ќе се вратам во Сити“, додаде Белгиецот.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ