Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Денеска на Еуро 2024: „Европска класика“ во Штутгарт, Роналдо vs. Мбапе во Хамбург

5 јули 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

По два дена пауза, денеска се враќаме на возбудувањата на Европското првенство во Германија. На програмата се двете четвртфинални пресметки, по кои е ги имаме и првите патници во полуфиналните дуели.

Од 18 часот во Штутгарт, домаќинот на Еуро 2024, селекцијата на Германија ќе се сретне со Шпанија во „европската класика“ која многумина ја нарекоа и „финале пред финалето“.

За првпат по 2008 година, Шпанија останува единствената селекција со 100 отсто учинок на турнирот (четири победи). Во прилог на Шпанците вечерва е и фактот што никогаш не загубиле од Германија во последните шест официјални натпревари, а Германците не можат да ја победат Шпанија од 1998 година. Сепак, Шпанија никогаш не го победила домаќинот на европско или светско првенство во фазата на елиминации. Тоа на Шпанците не им успеало никогаш дури од 1934 година.

Натпреварот против Шпанија ќе го одбележи 19. четвртфинален настап на Германија на светските првенства и европските првенства, повеќе од која било европска репрезентација на овие два турнира.

Во вечерниот термин од 21 часот во Хамбург, Португалија се среќава со Франција. Дали патетично пресметката може да се нарече и дуел меѓу Кристијано Роналдо и Килијан Мбапе? Веројатно не, бидејќи настапите на двете ѕвезди на модерниот фудбал на овој турнир засега се прилично просечни. Тимот на португалскиот селектор Мартинез имаше добар почеток на Еуро 2024, но потоа не успеа да постигне ниту еден гол во последните два натпревари, а исто така загуби и од Грузија во последниот натпревар од групната фаза. Мартинез итно треба да смисли нешто за да биде конкурентен со Французите, бидејќи со среќа не може да смета на полуфинале.

Франција трет меч нема примено гол на ова ЕП, но факт е дека и нападот не функционира како што треба. Франција има само еден примен гол на последните шест натпревари досега.

И двата меча ќе ги судат англиски судии. Дербито во Штутгарт е за Ентони Тејлор, додека дуелот во хамбург ќе го суди Мајкл Оливер.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ