Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

„Бомба“ од Лондон: Мурињо повторно на клупата на Челзи?!

25 мај 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Жозе Мурињо, фамозниот Португалец е пред враќање во Челзи. Имено ова се најавите денеска на Островот, кои велат дека нема ништо чудно да биде ако “Специјалниот“ и по третпат во својата кариера го предводи гигантот од “Стемфорд Бриџ“.

Откако Маурицио Покетино доби отказ, се шпекулираше со повеќе имиња за негов наследник, но денеска името на Мурињо влезе меѓуи оние кои се најсеризните кандидати.

Во првиот мандат во Челзи, од 2004 до 2007 година, Жозе двапати ја освои ПЛ, го освои и ФА Купот. Додека во вториот мандат кој траеше од 2013 до 2015 уште еднаш ја освои ПЛ и Лига Купот.

Сепак и покрај се, и покрај начинот на кој тој си замина од Челзи во 2015 година, фановите на „сините“ имаат голем респект за “Специјалниот“ и според нив подобро да биде тој отколку некој друг.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ