Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Балотели „распука“ по медиумите: Покрај ваква Италија, јас сум ви главна вест?

1 јули 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Контроверзниот италијански фудбалер, Марио Балотели се најде во медиумите поради свој испад за време на ноќна забава со пријателите. Марио се опил до толку што другарите морале да го носат на раце затоа што неколку пати паднал на земја. Низ медиумите тоа е ударна вест, а Марио одговори:
Го видов видеото во кое се дружам со пријателите. Не гледам проблем, се забавувам и шегувам без да повредам некого. И ме осудувате за што? Зошто не ги објавите видеата и фотографиите кои ги направив со луѓе? Бев достапен за секого, се фотографирав со секој кој го побара тоа од мене…
А после она што го прикажа Италија на ЕП, главна вест ви е тоа што сум бил пијан… Ајде бидете малку посериозни“, напишал Марио на социјалните мрежи.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ