Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

172. белградско дерби без победник: Ц. Звезда – Партизан 2:2 (ВИДЕО)

9 март 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Фудбалерите на Црвена звезда и Партизан ремизираа 2:2 во 172. вечно дерби во рамките на 24. коло од Супер лигата на Србија.

Вечерва на домашен терен, „црвено-белите“ имаа многу повеќе од играта и шансите, но на крајот не успеаја да најдат начин како да ги освојат сите три бода.

Ибраниците на Игор Дуљај кои останаа први на табелата со бод предност пред големиот ривал, можат да бидат позадоволни од освоениот бод.

Спајиќ во 44. минута погоди за водство на Ц. Звезда, но само две минути подоцна, гостите преку Салдања успеаја да израмнат на 1:1 и со овој резултат да заминат на пауза.

Партизан во 49. минута со погодокот на Калулу дојде во водство од 1:2, па до потоа притисокот беше на страна на домашните, кои успеаја преку Ндаје во 67. минута да ги постават конечните 2:2.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ