Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Во Хондурас се запалени над 5 тони запленет кокаин (ВИДЕО)

15 јуни 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

„Складиштето е запалено по наредба на националниот суд одговорен за организиран криминал и корупција во објектите на Воената полиција за јавен ред, во близина на главниот град на Хондурас“, се наведува во соопштението на обвинителството.

Дрогата е уништена во координација со Одделот за борба против дрога на Специјалното обвинителство против организиран криминал и Агенцијата за технички криминалистички истраги.

Пред уништувањето, експерти од Судска медицина токсиколошка и хемиска лабораторија извршиле случаен тест за да потврдат дека дрогата што се палела е кокаин хидрохлорид.

„Во три операции во периодот од февруари до мај 2024 година, запленети се 5.631 килограм кокаин, по што властите уапсија четири лица за кривично дело тешка трговија со дрога“, додаваат во соопштението.

Од вкупното количество запалена дрога, 2.835 килограми биле во два пресретнати чамци меѓу секторите Рио Естебан, Паласиос, Ибанс и Брус Лагуна, одделенија Колон и Грацијас а Диос, во Хондурас на Карибите.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ