Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Бројот на починати од труење со метил алкохол во Индија се искачи на 54

22 јуни 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Луѓето се затруени во сојузната држава Тамил Наду на југот на Индија, каде покрај смртно настраданите уште најмалку 142 лица се хоспитализирани на одделот за токсикологија во локалната медицинска установа, пренесува порталот Хинду.

Речиси 200 луѓе со симптоми на интоксикација се лекувани од пред три дена во областа Калакуричи, на околу 250 километри од Ченај, главниот град на државата.

Полицијата привела четири лица за нелегална продажба и запленила 200 литри алкохол.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ