Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Британски полицајци намерно прегазија крава, министерот бара одговорност (ВИДЕО)

15 јуни 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Полициските сили на Сари соопштија дека се обратиле до полициската етика во врска со инцидентот во Стејнс-на-Темза, надвор од Лондон.

Полицијата соопшти дека синоќа одговориле на пријави за избегана крава која „трчала по граѓани“ и оштетила автомобил. Тие додаваат дека полицајците неколку часа се обидувале да го фатат животното, а на крајот „донесена е одлука да се запре со полициски автомобил“, пренесува Асошиејтед прес.

На видеото објавено на социјалните мрежи се гледа како кравата трча по улица во населба кога на неа налетува полициски автомобил. Возилото ја турка кравата, а потоа повторно ѝ се приближува за да го притисне нејзиниот преден крај на земја и да ја згмечи.

Кравата се здобила со голема расекотина на ногата и завршила кај ветеринар, соопшти полицијата. Набргу потоа зборувал и министерот за внатрешни работи Џејмс Клеверли. „Не можам да замислам никаква разумна потреба за оваа акција. Побарав итно објаснување за ова“, напишал тој на X.

Видеото предизвика негодување кај дел од јавноста. Главниот инспектор Сем Адкок се обидел да објасни дека „одлуката за користење на полициското возило била донесена само откако другите методи за запирање на кравата не успеале“.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ