Вевчани остро ги осудува обвинувањата од партијата ДУИ за маската која привлече внимание на Вевчанскиот карневал, нарекувајќи ги целосно неосновани и политички мотивирани. Според Вевчанци, маската која предизвика контроверза е инспирирана од популарните зомби филмови и нема никаква врска со Зијадин Села или каква било политичка алузија.
-Оваа маска е дел од креативноста на учесниците, кои избраа тема од поп-културата. Нема апсолутно никаква политичка конотација, категорично наведуваат од фејзбук страната Мое Вевчани.
Од Мое Вевчани ги обвинуваат ДУИ за селективност и лицемерие, истакнувајќи дека партијата останала немирна кога на карневалот се појавија маски кои директно ги исмеваат корупциските скандали и криминалните активности на нивните функционери. „Каде беа ДУИ кога се исмеваше нивниот ‘фудбалски тим’ кој играше по канцеларии, алудирајќи на нивната непрофесионалност и злоупотребите? Тогаш молчеа, а сега најдоа простор да се навредат од една зомби маска, потенцираат од Вевчани.
Вевчанци истакнуваат дека Вевчанскиот карневал има повеќедецениска традиција како културен симбол на слободата и сатиричната критика, и порачуваат дека нема да дозволат политички манипулации врз нивниот настан. „ДУИ можеби се нервозни поради својата ослабена позиција, но нема да дозволиме да го користат Вевчанскиот карневал за свои ниски цели,“ порачуваат тие.
Карневалот, како што додаваат, ќе продолжи да биде простор за сатира и креативност, а не за политичко профитирање.