Видра нападнала велешанец, го каснала и морал да бара помош во велешка болница. Настанот се случил на 5 јануари во вечерните часови, кај Капиновски вирови, преградени на реката Бабуна.
„Во езерцата чувам крапови и вечерта околу 20ч. кога сакав да уловам крап, го осветлив просторот со батериска лампа, некое животинче скокна и ме касна. И тоа преку јакна, облека за десната рака. Парче месо ми скина, видов дека е видра, морав да барам помош од доктор“ – раскажа лицето за <a href="http://tirekovmirece.com/Novost/%D0%92%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D1%88%D0%B0%D0%BD%D0%B5%D1%86-%D0%BA%D0%B0%D1%81%D0%BD%D0%B0%D1%82-%D0%BE%D0%B4-%D0%B2%D0%B8%D0%B4%D1%80%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D1%80%D0%B5%D0%BA%D0%B0-%D0%91%D0%B0%D0%B1%D1%83%D0%BD%D0%B0%2C-%D0%BA%D0%B0%D1%98-%D0%9A%D0%B0%D0%BF%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%BE">ТирековМирече</a>, кое било каснато, на 47 годишна возраст.
Во велешка болница го потврдија настанот.
„Вечерта на 5 јануари, околу 21,30ч. на Ургентното одделение е дојден пациент кој се пожалил на каснување од видра на десната надлактица. Извршена е хируршка интервенција и пуштен на домашно лекување“- кажа д-р Билјана Босилкова, портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес.
Досега во велешка болница не помнат дека имале интервенција врз пациент, кој бил повреден од каснување на видра.
Видрата е месојаден цицач од семејството на куните. Таа е добро прилагодена за живот во слатки води. Познати се како екстремно вешти пливачи. Видрите пред сè се хранат со риба, а активни се ноќе.
Фото: Илустрација, профи