Владо Калембер своевремено беше голема фаца. Жените беа луди по него и беа подготвени на се, па тој заради една своја обожавателка на времето завршил во полиција.
Пејачот сега проговори за таа ситуација и детално раскажа кога и како полицијата го привела на загрепскиот аеродром.
Навивачите заради него пажале во несвест и правеле се за да стигнат до својот идол. А токму поради една тинејџерка Владо дури и бил приведен од полицијата на аеродромот во Загреб.
-Тогаш ме одведоа во соба и ми кажаа женско име, ја знаеш ли не, таа напишала дома го сакам, ќе одам по автограм, испадна дека сме во врска, дека се сакаме, татко и беше некој влијателен во политиката, па средил полицијата да ми дојде... се присети Владо.
Владо бил жртва и на многу лаги кои кружеа за него. Дефинитивно најлошото што го слушнал за себе е тоа дека се обесил:
- Тоа дури го објавија и весниците. Бев во Германија, немаше мобилен, се качувам во авион, после три месеци, а стјуардесата вели, уште си жив... Не се сеќавам дека сум бил на толку насловни страници после тоа, како јас „жив сум“...
Владо Калембер и во својата осма деценија сè уште опива генерации со својот рапав глас и шармантен изглед.