Естрада е „мала бара полна со крокодили, но и пари“, а тоа го поткрепуваат и податоците од српската Агенција за економски регистар и огромниот приходи на пејачите во 2023 година, на чиј врв е Саша Матиќ.
Компанијата на пејачот Саша Матиќ „СМ мјузик“, преку која работи, остварила вкупен бруто промет од 1.129.786 евра. Кога од таа бројка ќе се одбијат деловните трошоци од 278.846 евра, како и државната такса од 87.547 евра, на сметката на фирмата на Саша останале 758.051 евро, и тоа откако тој си исплатил личен доход од само 5.675 евра.
Популарната и барана Светлана Цеца Ражнатовиќ веќе подолго време оперира преку компанијата „Цеца мјузик“. Деловниот бруто приход во 2023 година изнесувал 1.608.623 евра, но пријавени се огромни трошоци од 972.692 евра, па пејачката откако платила данок на државата од 96.547 евра, завршила со нето приход од 541.111 евра.
Со огромни примања може да се пофали и Милица Павловиќ. На крајот на 2023 година таа имала бруто приход од 786.683 евра со нејзината компанија „Сењорита мјузик“. Кога ќе се одбијат деловните трошоци од 736.760 евра, како и данокот од 6.974 платен на државата, на Павловиќ и останале 44.940 евра.
Јелена Карлеуша и овојпат ја доведе својата компанија во загуба, иако имаше одличен бизнис. Овој негативен исход и се случува трета година по ред. Во 2023 година остварила вкупен промет од 721.478 евра. Таа во АПР пријавила дека имала трошоци од 422.581, дека платила данок во износ од 32.076 евра, како и дека сама си исплатила личен доход од 411.521 евра, па компанијата на Јелена „ЈК Ентертејнмент“ завршила со загуба од 144.666 евра.
На врвот на листата очекувано е и Теа Таировиќ. Преку фирмата „Теа Таировиќ Медиа“ од Нови Сад пријавила бруто приход од 814.769 евра, но и дека имала големи трошоци од 788.427, плус државна такса од 14.188 евра. На крајот добила нето сума од 57.589 евра. Значи, во случајот со Таировиќка е слично како и минатите години. Како што растат приходите, таа пријавува се повеќе и повеќе трошоци, па на крајот и плаќа симболичен данок на државата и останува со скромна заработувачка.
Михајло Веруовиќ - Војаж и Игор Паниќ - Нучи најдобро поминаа меѓу треперите, кои се многу популарни и барани. Војаж има фирма преку која пријавил дека имал вкупен промет од 297.700 евра. Имал трошоци од 47.205 евра, на државата платил 25.700 евра данок, а на фирмата му останале само 85.153 евра, откако си платил личен доход од 143.940 евра.
Нучи може да се пофали дека остварил одлични приходи лани, како и во 2022. Бруто заработката на неговата компанија „Цунами“ изнесува 381.256 евра. Имал трошоци од 216.299 евра, на државата платил даноци од 16.590 евра, а имал плата од 148.931 евра.
На листата пејачи кои можат да се пофалат со добра заработка се најде и Радиша Трајковиќ-Џани. Пријавил бруто заработка од 159.000 евра, деловни трошоци во износ од 139.675, како и даноци од 3.974 евра. На крајот му останале само 15.350 евра.
Тука е и Бобан Рајовиќ. Тој е сопственик на фирмата „БР ентер“, која ја поседува од 2010 година. Во 2023 година остварила промет од 114.256 евра. По одбиени трошоци од 71.233 евра и платен данок од 7.838 евра, на Рајовиќ му останале 44.342 евра.
Рада Манојловиќ одлично поминала во 2023. Преку фирмата „Рада мјузик“ остварила прилив на пари од 68.675 евра, имала трошоци од 16.470 и платила даноци од 5.248 евра. На крајот заработила, со вклучен личен приход, вкупно 46.991 евро, пишува „Курир“.
Инаку, Александра Пријовиќ моментално е позната како една од најуспешните пејачки во соседството, а полни сали и во Србија и во регионот. Нејзината турнеја „Од исток до запад“ трае неколку месеци, а од концерти заработила десетици милиони евра, пишуваат медиумите. Сепак, малкумина знаат дека Александра има дополнителни приходи од Јутјуб и Спотифај, платформи на кои се слуша музика.
Песните „Дам дам дам“, „Плацебо“, „Психо“ од споменатиот албум имаат повеќе од 252 милиони прегледи на Јутјуб, додека на Спотифај се преслушани повеќе од 31 милион пати.
- Прија толку многу заработува од Јутјуб и Спотифај што воопшто не мора да одржува концерти! Освен бројните арени кои ги полни низ регионот од септември, нејзиниот вртоглав успех се одразува и на многу дигитални платформи. Само песната „Дам дам дам“ досега има повеќе од 67 милиони прегледи наЈутјуб, а по неа е „Психо“ со 43.605.919 прегледи, додека сите други песни имаат по девет милиони. Сите девет песни досега собрале 252.078.683 прегледи! Еден преглед на Јутјуб чини во просек 0,002 евра, што значи дека Прија само од Јутјуб заработила 504.157 евра, пишува Информер.