Vreme.mk - Дознај на Време.

Живот

Преку позната апликација открила дека сопругот ја изневерува, не е единствена (ВИДЕО)

15 јануари 2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Приватен истражител објави на TikTok како го „уловила“ сопругот како ја изневерува со помош на една клиентка.

„Тие живееја во Квинсленд, Австралија, а тој редовно патуваше за да го види своето семејство во Нов Јужен Велс, што никогаш порано не го правел“, рекла жената, а потоа го поставила совршеното прашање. А тоа е - дали имаат заедничка банкарска сметка или сметка со поволности при купување.

@venusinvestigations $10 off your shop but a veryyyy expensive divorce 💁♀️ #privateinvestigator #dating #datingadvice #flybuys ♬ original sound - Venus Investigations

Клиентката потврдила дека имаат апликација која нуди преглед на понуди со бонуси при купување.

Кога отвориле една од апликациите, трансакциите што ги направил нејзиниот сопруг откриле детали за неговата измама. Имено, сите трансакции биле направени во предградието на Квинсленд каде живеела неговата поранешна девојка, а не во Нов Јужен Велс, каде што се верувало дека престојувал.

„Доби попуст од 10 долари во продавницата, но разводот му е многу скап“, напиша оваа измамена жена покрај видеото кое стана вирално на TikTok.

„Го фатив мојот поранешен сопруг на ист начин“, „Најнезабележливата апликација за изневерување“, „Се надевам дека ги задржа поените“... беа само дел од коментарите.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ