Лос Анџелес неодамна беше зафатен од катастрофални пожари, а многу актерски и пејачки ѕвезди мораа да ги напуштат своите домови, па повеќе од 100.000 луѓе беа евакуирани од областа.
Пејачот Фуад Бацковиќ, познат како Дин (Deen), живеел во Холивуд Хилс со партнерот Вил Феарсон Трети, но морал итно да ја напушти областа. Дин сега проговори за да открие дека тој и неговиот партнер се безбедни и се вратиле дома.
„Благодарам на сите што испративте пораки и повикавте да не проверите. Ние сме безбедни и се вративме дома. Моето срце и молитвите се до сите луѓе и семејства погодени од оваа ужасна трагедија. Ова е време да се обединиме, заштитиме и да им помогнеме на нашите заедниците и сите луѓе кои ги загубија своите домови и најблиски останете безбедни, сите“, рече Дин.
Радио Сараево ја пренесе објавата на Дин на Фејсбук во која тој потврди дека мора да го напушти својот дом поради опасност од пожар и во која моменталната ситуација во Калифорнија ја опиша како „неверојатна“, споредувајќи ја со неговото искуство за време на војната во Сараево.
Дин се повлече од јавната сцена на крајот на 2000-тите и се пресели во Америка. Таму се запишал на факултетот за моден бизнис на Институтот „Марангони“ во Милано, кој го завршил.
Неговиот татко, инаку, е босанско-херцеговскиот политичар Заим Бацковиќ.
Пожарите во Калифорнија се уште беснеат, а бројот на загинати и уништени згради се зголемува од ден на ден, додека илјадници луѓе се уште се евакуираат.