Истрагата за смртта на славниот актер Метју Пери неодамна доби нов пресврт откако неименуваната славна личност, наводно, морала да ги предаде на полицијата својот лаптоп и мобилниот телефон.
Имено, на 19 јуни, неименуваната жена била приведена на повеќе полициски разговори откако полицијата во Лос Анџелес постигна „значаен напредок во истрагата која започна во мај“, изјави извор за In Touch.
Полицијата со налог за претрес отишла во резиденцијата на мистериозната жена, но таа не била присутна. Кога се вратила, не одбила да соработува.
– Полицијата наводно однела телефон и лаптоп, рекол упатениот, додавајќи дека жената „предала се“.
Изворот спомнал дека жената и ѕвездата на „Пријатели“, која почина во октомври 2023 година, претходно се запознале на рехабилитација, каде што започнале „неочекувано пријателство“.
Од друга страна, жената тврди „дека тоа нема никаква врска со неговата ненадејна смрт“.
- Ангажирала адвокат и имала неколку состаноци со полицијата откако пристигнале во нејзината куќа со налог за претрес. Таа шкрта на зборови околу ситуацијата, изјавил упатениот. Сепак, изворот истакнал дека инспекторите сигурно биле добро подготвени, штом ја привеле и и ги одзеле личните работи.