Научете кои видови храна може да се складираат заедно, а кои не може да се чуваат блиску една до друга за да го продолжите рокот на траење на вашата храна.
Во принцип, не чувајте овошје или зеленчук чувствително на етилен со овошје или зеленчук што произведува многу од тој гас, вели Џон Адлер од американската компанија за храна Blue Apron.
- Веројатно најдобар пример за ова е складирањето кромид со јаболка, бидејќи ќе завршите со јаболка што мирисаат на кромид. Или, друг подобар пример се компирите и кромидот. Ако заедно ставите кромид и компир во оставата, ќе го забрзате процесот на зреење на компирот, а со тоа и побрзо расипување или 'ртење. Тоа важи и за лукот и покрај тоа што компирот, кромидот и лукот треба да се чуваат заедно на ладно и темно место, објаснува експертот.
За пример ги издвоил и јаболката. Тие, вели, испуштаат многу етилен, па не сакате да ги чувате во контејнер со друго овошје.
- Обидете се да ги држите најмалку 15 до 20 сантиметри подалеку од друго овошје и зеленчук. Има еден исклучок од овие правила, а тоа е ако сакате некое овошје да созрее побрзо, како незрели банани, тогаш ставете ги јаболката блиску, открива тој.
Како јаболката и зрелите банани и дињите произведуваат многу етилен.
- Карфиолот е многу чувствителен на етилен, па најдобро е да не го чувате на иста полица со јаболка, дињи, киви или кромид, вели Адлер.
- На карфиолот му е потребна и циркулација на воздухот за да остане свеж, затоа погрижете се да има отвори за воздух доколку е во кеса. Карфиолот најдобро се чува во фиока во фрижидер со друг зеленчук, или на полица. Истото важи и за брокулата, зелката и прокељот, кои се чувствителни на етилен, објаснува овој експерт.
- Повеќето луѓе чуваат печурки со други производи во фрижидер. Но, треба да знаете дека тие се подложни на впивање на посилните мириси на храната во близина, како што се остатоците од ручекот, затоа држете ги подалеку од такви работи, објаснува Адлер.
Напоменува и дека најдобро е печурките да се чуваат во хартиена кеса, бидејќи тоа им овозможува да дишат, а освен тоа, хартијата ја впива вишокот на влага, што ја намалува можноста за расипување. Тој, исто така, советува да ја смените хартиената кеса во која се наоѓаат печурките кога ќе се навлажни.
– Вишокот на влага и погрешната температура може брзо да ви ја расипат храната во фрижидерот, додава тој.
<b>Произведувачи на етилен се:</b>
<b>Чувствителни на етилен се: </b>