Полицијата во Торино уапсила 72-годишен маж под сомнение дека избодел неименувана жена во вратот и стомакот бидејќи, како што и рекол, нејзиното куче премногу лаело, изјавија денеска полициски извори за Анса.
Според информациите, тој излегол од својот стан и почнал да и вика на 63-годишната жена дека нејзиното куче премногу лае, по што ја избодел со нож, а извори тврдат дека претходно имале конфликт за кучето.
Жената е префрлена во локална болница, каде е на одделението за интензивна нега.
Мажот е во притвор, а против него е покренато обвинение за убиство во обид.