Vreme.mk - Дознај на Време.

Балкан

82- годишен Чех снимал мали голи деца на плажа во Храватска, го уапсиле

14 јуни 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Полициските службеници ја завршија кривичната истрага за 82-годишниот чешки државјанин и утврдиле дека сторил кривично дело искористување деца за порнографија, објави Индекс.

Чешки државјанин е осомничен дека на 12 јуни околу 13 часот и 50 минути во туристички објект на територијата на полициската управа во Истра снимал деца без облека, што го забележало обезбедувањето и повикало полиција. Мажот е приведен и задржан во полициска станица. По наредба на надлежниот суд извршен е претрес на камерата и пронајдени се снимки со инкриминирачка содржина.

Осомничениот вчера во попладневните часови бил приведен во притвор на ПУ на Истра, јавува полицијата.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ