Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Зеленски во посета на Полска, откако двете земји го надминаа спорот од Втората светска војна

15 јануари 2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Иако Полска е еден од најверните поддржувачи на Украина од инвазијата на Русија во 2022 година, врските меѓу соседите беа затегнати со генерации наназад поради убиствата во Волинија од 1943 до 1945 година.

Полска соопшти дека повеќе од 100.000 Полјаци биле убиени во масакрите на украинските националисти. Илјадници Украинци, исто така, загинаа како одмазда.

Полска долго време бараше слободен пристап за своите експерти до местата каде што се верува дека се закопани останките на убиените, за да можат да бидат ексхумирани и да добијат пристоен погреб.

Полскиот премиер Доналд Туск во петокот го поздрави „пробивот“ во односите, велејќи дека Украина одлучила да ги дозволи првите ексхумации на жртвите.

Украина често се повикува на настаните во Волинија како дел од конфликтот меѓу Полска и Украина што ги зафати и двете нации./МИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ